Нашите ученици што оделе во градинка пред тргнувањето на училиште имаат подобри резултати за разлика од оние што не посетувале претшколско образование.
– Светски тренд е учениците што посетувале предучилишна установа да постигнуваат подобри резултати на тестирањата. Тоа се покажа и на ПИСА. Во Македонија во сите три подрачја учениците што не посетувале предучилишна установа постигнале најниски резултати. Учениците што посетувале предучилишна установа повеќе од една година имаа повисоки резултати за околу 50 поени на ПИСА-тестирањето – вели Ламева за Факултети.мк.
ПИСА 2015 година покажа и дека учениците што дома зборуваат на македонски јазик имале постигнато најдобри резултати по тестирањето по математика.
Анализата за ПИСА-тестирањето можете да ја прочитате во целост на Факултети.мк
912