Илјадници Хелен Дорон ученици во 39 држави се подготвуваат за враќање во училиштата за да си ја подобрат својата иднина преку квалитетна едукација, која нуди стимулирачки и интерактивни часови кои го надградуваат мозокот.
Helen Doron English училишните центри низ светот, како и во нашата држава, се подготвени за почеток на училишната година за голем број постојни ученици, но и за упис на нови ученици.
Почнувајќи од 1985, секоја година, Хелен Дорон учениците со нетрпение чекаат да се вратат во училишните центри и да продолжат со истите весели и стимулирачки часови кои ја карактеризираат успешната метода – учење преку музика, движење и игри. На овој начин децата го апсорбираат англискиот јазик исто како да учат мајчин јазик.
Со огромен избор на пазарот, родителите низ светот сѐ повеќе вложуваат во изучување на англискиот јазик на нивните деца бидејќи флуентноста во еден глобален јазик кој секој во светот го користи и комуницира е потреба. Англискиот е академски јазик, јазик на интернетот, бизнисот, медицината, програмирањето и на меинстрим забавата. Helen Doron English програмите се изведуваат во мали групи од 4 до 8 ученици, што дозволува голема интеракција и многу вежбање на англискиот јазик, и секој од учениците го добива потребното внимание за најдобро да научи. Во методологијата, исто така, големо влијание има и позитивната афирмација, што значи нема грешни одговори, и учениците се охрабрени и мотивирани да го искажат своето мислење. Часовите се полни со певливи песни, возбудливи приказни, интересни игри, кои се толку забавни што учениците со нетрпение чекаат да дојде наредниот час. Децата се љубопитни за сѐ, а Хелен Дорон часовите се осмислени за тие да научат уште повеќе. Тие се запознаваат со голем број ликови со кои се дружат, кои ги сакаат и од кои учат. Главен дел на Хелен Дорон методот е и заднинско слушање на приказните и песните дома, со тоа што децата ќе продолжат да бидат изложени на јазикот и надвор од часовите, што е од клучно значење во помладите години.
Хелен Дорон програмите се наменети за деца од 3-месечна возраст до 19 години и користат многу интересни содржини за да ја максимираат природната љубов кон учењето и дарбата за лесна апсорпција на јазиците. Разбирањето и зборувањето на англискиот јазик е есенцијална алатка за иднината на децата, вештина која им овозможува на децата отворање на нови хоризонти, можности и перспективи.
Helen Doron English e глобална франшиза, лидер во детската едукација. Наградена за најдобра франшиза за деца и за едукација (Best Children and Education Franchise) во 2019 и лидер во глобално менторство (Global Mentorship) во 2022 и 2020, Хелен Дорон едукативната групација која е основана во 1985, каде што децата го учат англискиот јазик како странски јазик, сега има повеќе од 1.000 училишни центри во 38 држави. Иновативната и докажана методологија на Хелен Дорон е креативната инспирација зад познатата франшиза на компанијата Helen Doron English. До денес групацијата Хелен Дорон има едуцирано речиси три милиони деца да зборуваат англиски, да ги подобрат своите интелектуални вештини, да стекнат самодоверба и да учат низ забава.
❗️ УПИСИТЕ СЕ во тек ❗️
☎️Доколку сакате одблиску да се запознаете со уникатната Helen Doron методологија, резервирајте си бесплатен ДЕМО час во еден од ХД училишните центри најблиску до вас:
Helen Doron Аеродром – 078 388 403
Helen Doron Центар –071 293 613
Helen Doron Карпош – 078297949
Helen Doron Кисела Вода – 078 282 842
Helen Doron Капиштец – 070 984 435
Helen Doron Чаир – 072 206 622
Helen Doron Велес – 075 340 443
Helen Doron Тетово – 075 224 242
Helen Doron Битола – 075 232 778
Helen Doron Прилеп – 077 699 961
Helen Doron Охрид – 077 613 815
Helen Doron Штип – 078 757 455
Helen Doron Гевгелија – 078 220 391
Helen Doron Струмица – 078 338 724
Helen Doron Кочани – 071 314 499
Helen Doron Кавадарци – 075 448 873
(Комерцијална објава)
912