Летниот распуст е време кога родителите често се заинтересирани за згрижување, едукација и забава на своите деца. Летната школа Бибиверзум и програмата за едукација можат да бидат одлична можност за децата да учат и да развиваат нови вештини додека уживаат во слободното време. Оваа програма нуди разнообразни активности како што се учење преку игра, едукативни видеа со Биби и Боби, учење математика, читање, пишување, истражувачки активности, креативно-уметнички работилници, спортски активности. Важно е да се најде баланс помеѓу едукацијата и одморот, како и да се осигураат можностите за дружење и интеракција на децата со своите другарчиња.
Преку интересната образовна програма подготвена од тимот на Бибиверзум, а актуелна за возраста на децата, тие имаат можност да научат нови животни лекции. Главниот акцент е на интеракцијата меѓу децата и едукаторите и развивањето на критичкото мислење, концентрацијата, самодовербата, креативноста. Во претпладневните часови децата ќе имаат спортски активности во училишниот двор преку кои се развиваат: тимската работа, координацијата, лидерство, концентрацијата, одговорнот и трпение.

Според реакциите и впечатоците што ги споделија децата и родителите кои беа дел од Летната школа Бибиверзум минатата година, можеше да се забележи дека сите беа среќни и задоволни од програмата, активностите, текот на летната школа, како и од резултатите кои децата ги добија. Најмногу им се допаѓаа содржините што се обработуваа, активностите што ги работеа, другарувањето, друштвените игри кои ги играа во слободно време и односот на едукаторите кон нив.

На 1 јули почнува Летната школа Бибиверзум во Општина Аеродром, во основните училишта „Лазо Ангеловски“ и „Блаже Конески“, и ќе трае до 31 август.

Програмата е наменета за учениците од прво, второ и трето одделение, а ќе се одвива секој работен ден од 7:30 до 16 часот.

Цената за еден месец е 7.500 ден. + 2.500 денари за појадок, ручек и десерт.

Дополнително се нуди пакет „Биби и Боби“, кој чини 1.000 денари, а содржи маичка, Активности за распуст, Активности со броеви, Активности со букви, биботи и друго.

Можете да се пријавите на 078/209-569 или на следниов линк.
Ве очекуваме!



912

X