Иако ниту еден родител не е совршен и сите ние одвреме-навреме грешиме во воспитувањето, експертите предупредуваат дека некои наши грешки може сериозно да влијаат врз однесувањето на детето, особено во зрелата возраст. Социјалната работничка Тензин Чодон открива какви грешки прават родителите и на тој начин несвесно воспитуваат тврдоглави деца.
– Треба да знаат дека ги слушате, дека нивното мислење е валидно и дека не ги игнорирате кога разговараат со вас. Затоа бесот им е најлесниот начин да го добијат она што го сакаат“, објаснува Чодон и додава дека токму улогата на родителите е пресудна во одредувањето дали нивното дете ќе порасне во тврдоглава личност. Како што вели, ова се шесте работи што најчесто ги прават родителите на тврдоглавите деца.
Не поставуваат јасни правила
Во воспитувањето треба да постојат одредени правила и граници кои детето мора да ги почитува. „Во ред е детето да ја изразува сопствената желба и волја, но не секогаш. Имено, родителите не смеат да им попуштат на децата кога се во прашање некои правила. Дури и ако тоа понекогаш значи ограничување на нивната слобода, децата треба да знаат што е правилно, а што погрешно однесување“, објаснува Чодон.
Не комуницираат доволно со детето
Тоа е една од најважните работи за успешно воспитување е квалитетната комуникација. Ако ова го нема, експертите предупредуваат дека вашето дете може да порасне во тврдоглава личност. Зошто? Комуникацијата е клучот за воспоставување квалитетен однос родител-дете. Ако родителите немаат доволно време и не сакаат да го слушаат своето дете, голема е веројатноста дека и тоа нема да сака да ги слуша подоцна, објаснува Чодон.
Ги игнорираат потребите на детето
Најголемата грешка што може да ја направи родителот е да ги игнорира потребите на своето дете, без разлика дали е тоа разбирање, слушање, зборување или внимание. Имено, доколку детето забележи дека неговото мислење не се цени или дека не му се обрнува внимание, ќе се потруди да привлече внимание со своето тврдоглаво однесување. Она што е проблем е фактот што детето ќе се обиде да привлече внимание со лошо однесување, предупредува Чодон.
Критични се кон детето
Ние разбираме дека како родители се обидувате да го водите вашето дете на вистинскиот пат, но некои понекогаш одат предалеку. Прекумерната критика и очекувањето совршени резултати од детето може да резултира со тврдоглаво однесување бидејќи ниту едно дете не сака да чувствува притисок. На крајот на краиштата, сите ние понекогаш грешиме и тоа е нормален дел од животот, објаснува Чодон.

Не се доследни во своите одлуки
Ако вашето дете случајно забележи дека не сте доследни, неговото однесување може да се промени, како и неговото почитување кон вашите правила и поставување граници. Имено, секое отстапување од одлуките или зборовите на вашето дете може да резултира со тврдоглава реакција и однесување, предупредува социјалниот работник и додава дека апсолутно секој родител треба да се држи до тоа што му го кажува на детето, без разлика дали се работи за казна, санкција или награди.
Возвраќаат со викање или казнување
Нормално е дека вашето дете ќе ви противречи одвреме-навреме, но важно е како ќе реагирате кога ќе се случи тоа. Наместо да викате и да казнувате, обидете се мирно да му објасните на детето што згрешило. Имено, начинот на кој реагирате има значително влијание врз однесувањето на вашето дете кое секогаш ве гледа, слуша и проучува, а многу често ве имитира.