Цицањето на палецот е однесување кое се забележува кај бебињата од луѓето, но и кај животните. Така палецот го цица човекот, одредени примати и шимпанза. Еден од примарните рефлекси кај новороденчињата е рефлексот на цицање кој им овозможува успешно доење. Во принцип, бебето ќе цица било кој предмет кој ќе им се приближи до устата. А тоа е најчесто брадавица, односно цицање на палец.
Смирувачко искуство
Цицањето палец претставува смирувачко искуство за сите цицачи на палец – од човекот до мајмуните. Така бебињата се смируваат, опуштаат, вежбаат рефлекс и се забавуваат. Откако првиот пат ќе сфатат дека цицањето е пат до млеко, бебињата учат дека цицањето е корисно за задоволство, одмор, топлина, но и храна. Бебињата создаваат многу цврста врска со цицањето и затоа децата сакаат да цицаат шише, брадавица, цуцла или палец. Околу отприлика 4 месец од животот, бебето ќе почне да го губи рефлексот за цицање бидејќи престанува да му биде инстинктивно однесување. Во периодот од четвртата година, повеќето деца ќе престанат да го цицаат палецот или цуцла. Но, кај некои деца цицањето може да потрае, но не од потребата за цицање, туку од задоволството кое им го создава. Тогаш тоа станува преминувачки објект со кој детето се обидува да ја разбере реалноста околу себе и да се одвои од мајката.

Се грижиме за забите
Бидејќи повеќето дечиња престануваат да цицаат до четвртата година, не постои позначајна опасност за растот на забите. Во тој период децата се уште имаат млечни заби. Кога ќе пораснат трајните заби постои можност за влијание на растот на забите и развојот на усната празнина. Освен што со палецот ги туркаат горните заби надвор и тие многу брзо ја менуваат насоката на раст, цицањето е многу нехигиенско. Децата на таа возраст и понатаму немаат развиена свест за тоа дека секој пат кога сакаат да го цицаат палецот, треба да ги измијат рацете. А тоа значи, валкан палец во устата!
Само полека
За некои деца цицањето палец е тешка навика од која може да се одвикнат, па потребно е многу трпение и љубов. Многу брзо децата ќе сфатат кога е општество прифатливо да се цица палецот, односно кога им е тоа потребно или не. Но, секој пат кога ќе го видите детето како цица палец, нежно потсетете го да го извади од уста. Исто така, ќе ви биде од помош ако ги препознаете поттикнувачите за цицањето палец. На повеќето деца тоа им е ритуал за заспивање, сигурност кога се тажни или олеснување кога се во стресна ситуација.