Здравје

Трудница на работно место: На што да обрнете внимание

Во современото општество е нормална појава на работа да оди жена што е во третиот триместар од бременоста. Ако бременоста се одвива како што треба, нема причина да се менува начинот на живот. Но, сепак, треба да примените некои мерки.

На што задолжително жените да обрнат внимание ако се бремени?
Прво, бремената жена треба да го намали темпото на работа ако таа е поврзана со:

1. Голем физички напор и кревање тешки предмети;
2. Долго стоење на нозе или во неудобна положба;
3. Трета смена, на пример, оператор во кол-центар;
4. Работа со хемиски средства, на пр., лаборант или професор по хемија;
5. Претеран студ, ако се работи надвор, а температурата е под 20 степени, на пример.

Треба да ги избегнувате сите обврски што ве изложуваат на ризик. На пример, не е препорачливо да работите на машина за шиење. Постојаната вибрација од машината може да предизвика предвремено раѓање. Бучавата и пареата исто така се штетни за мајката. Придонесуваат за брзо истоштување на организмот.

За бремените жени може да биде ризично летањето во авион, тука станува збор за жените што работат како стјуардеси.

Најбезбедна е работата во канцеларија. Но, и таму постојат нијанси.
Седечкиот начин на работа од 9 до 17 часот води до нарушена циркулација на крвта и на долните екстремитети. Тоа го зголемува ризикот за појава на проширени вени и може негативно да влијае врз развојот на плодот.

Бремените жени што работат во канцеларија треба редовно да прават паузи шетајќи по 5-10 минути. Треба да се разладуваат, да прават лесна гимнастика и здраво да се хранат. Идеално би било, доколку има можност, да си легнат некаде и да се одморат.
И компјутерите имаат штетно влијание. Ако има можност, користете екрани со заштита за да не ви се преоптоварат очите.

Често работата во канцеларија, особено ако идната мајка е на одговорна позиција, е придружена со голем стрес. Потрудете се да го намалите нивото на стресот.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top