Игротека

Трогателно видео: Близначиња не се одвојуваат ни по еден месец од раѓањето

Близнаците имаат особено блиска врска која се развива уште во матката, а откако ќе се родат, како што потврдуваат истражувањата, поврзани се на многу, за нас другите, необјасниви начини. Некои тврдат дека близнаците се поврзани со некоја телепатска врска, а имало потврдени случаи дека ако биле одвоени по раѓањето, би се пронашле и децении подоцна.

Студија која во 2010 година ја спровеле научниците од универзитетот во Парма и универзитетот во Торино открива дека близнаците комуницираат меѓу себе во матката уште од 14. недела. Резултатите укажуваат на тоа дека се свесни за „она другото“ во матката, дека комуницираат еден со друг и реагираат на посебен начин. Во текот на оваа студија со ултразвук биле проучувани 5 пара близнаци кои откриле дека во матката се пофокусирани на својот близнак отколку на себе, а интеракциите вклучуваат милување на својот близнак по главата или грбот. Едно неверојатно трогателно видео, кое е прегледано повеќе од 50 милиони пати, покажува колку оваа врска е длабока: браќа близнаци и по еден месец од раѓањето продолжиле да комуницираат како во матката. Браќата, на возраст од 2 месеца, се бањаат, цврсто припиени еден до друг, прегрнувајќи се со рацете и допирајќи се со ножињата.

Близнаците уживаат во бањата, која ја смислила Соња Рошел, бабица од Париз, а се работи за техника на бањање доенчиња помлади од 2 месеца со која се симулираат условите од матката, како помош за полесно приспособување на бебето на надворешните услови за живот.

Автор: Сања Маташиќ

Извор

Поврзани написи

To top