Мајките што остануваат дома работат деноноќно извршувајќи огромен број физички и емоционално тешки обврски и ретко им се заблагодаруваат за тоа. Често не им се препознава и вреднува трудот, па тука настапува Доналд Шефер.

Шефер е 80-годишен дедо и малку неочекуван инфлуенсер на „Тик-ток“ во однос на мајчиниот агол на социјалните мрежи. Но, без разлика, неговиот „Инстаграм“ и „Тик-ток“ се полни со видеа кои нудат финансиски совети, идеи за рецепти и емоционална поддршка, специјално за оваа група мајки. Сепак, едно видео особено предизвикало мајките што остануваат дома да се чувствуваат видени и вреднувани.

Во неговата „специјална порака до мајките што остануваат дома“, Шефер ги потсетува дека извршуваат „неверојатна работа“ и дека нивната „посветеност, напорна работа и љубов се темелот за благосостојбата на семејството“.

Гледајќи ги своите ќерки и внуки, Шефер вели дека чувствува страхопочит кон она што го постигнуваат секој ден, и поради тоа е инспириран да ги потсети сите мајки дека она што го прават е неверојатно важно.

-Понекогаш, среде хаосот на секојдневната рутина и бескрајните обврски, лесно е да се заборави колку е важна вашата улога, но секој зготвен оброк, секое бакнато колено, секоја прочитана приказна пред спиење – сето тоа придонесува за обликувањето на идната генерација – вели тој во видеото.

Шефер понатаму истакнува дека е сосема нормално да се биде преоптоварен или исцрпен од сите одговорности и изолацијата кои доаѓаат со родителството. Тоа е она што ја прави грижата за себе толку неопходна.

-Без разлика дали тоа е крадење неколку моменти за себе додека децата дремат, уживање во хобито што го сакате или едноставно релаксирачка бања на крајот од денот, ако најдете време, дајте ѝ приоритет на вашата благосостојба – ги советувал мајките.

@magicman1942 Special message for the stay at home moms. #stayathomemom #personalgrowth #inspiration #stayathomemomstruggle #workingmom #personal ♬ original sound – Don

Потоа ги повикува да ги слават малите победи и да ги ценат радостите на мајчинството, дури и ако тоа е нешто едноставно како детската насмевка.

-Верувајте ми, вие сте срцето и душата на вашето семејство, а вашите напори создаваат топла и поддржувачка средина, каде што секој може да напредува. Продолжете да ја ширите вашата светлина и знајте дека сте ценети, сакани и ви се восхитуваат повеќе отколку што некогаш ќе знаете. Правите неверојатна работа и светот е подобро место поради вас – заклучил тој.

Извор



912

X