Корисниците на интернет се трогнати по читањето на писмата напишани од деца за Дедо Мраз во пресрет на Божиќ – нивните барања се трогателни.

Хилари Агро, докторанд од Торонто, на социјалната мрежа „Твитер“ споделила колекција на рачно напишани писма што биле поставени на американската пошта – „Операција Дедо Мраз“. Меѓу писмата имало и едно од дете кое замолува за нова електрична инвалидска количка за Божиќ, додека многу други едноставно барале „љубезност“ и „прегратки“ од други лица.

Кога ги објавила писмата, Хилари искоментирала: „Јас сум вознемирена. Живееме во најсурово општество. Требаше да ставам предупредување да не ги читате писмата ако не сакате веднаш да почнете да плачете“.

Во едно од писмата стои:

„Драг Дедо Мраз, како сте ти и твоите ирваси? Сигурно е многу забавно да се санкаш по небото! Моето име е Кајла и имам 11 години. Оваа година за Божиќ сакам да имам кауч кој исто така е и кревет за спиење. Причината зошто сакам таков кауч е бидејќи живеам во стан кој има само една соба. Моите родители спијат во дневната на кауч и секогаш се будат со болка во грбот. Мојот татко работи многу, па болката во грбот навистина го мачи. Тоа е сè што сакам за Божиќ. Имај среќен Божиќ, Дедо Мраз!“

фото извор: uspsoperationsanta.com/letters

Друго дете напишало:

„Сакам другите деца да бидат добри едни кон други (вклучително и мене) и да имаат талент и да бидат независни и силни, храбри, паметни и предодредени за големина и за да бидат лидери, како и здрави, интересни луѓе. Среќен Божиќ“.

фото извор: uspsoperationsanta.com/letters

Трето дете побарало:

„Драг Дедо Мраз, сакам една работа. Бев добро девојче и сакам да те прашам дали можеш да ми донесеш нова електрична инвалидска количка. Мојата е многу стара и не работи. Многу сум тажна, па Дедо Мраз, те молам донеси ми количка“.

фото извор: uspsoperationsanta.com/letters

Стотици други писма се регистрирани во системот, меѓу кои и барања за луѓето да бидат добри меѓу себе, како и да им се помогне на оние што се помалку среќни во општеството.

Еден корисник напишал: „Кога го читав ова, плачев речиси половина час без престан, луѓето навистина треба да се грижат едни за други, а овие малечки деца не треба да ги имаат овие грижи за возрасни. Општество во кое нивните родители страдаат толку многу, а даваат сè од себе, навистина ме растажува“.

Автор: Рејвен Саунт

Извор



912

X