Тие поминаа низ најтешките моменти во својот живот, но со насмевка и пријателство кое ги охрабруваше и ги водеше до оздравување
Заедничко за Мекинли, Клои, Ева и Лаурен е нешто навистина страшно. На сите им е дијагностициран рак и се лекувале во детската болница „Џон Хопкинс“, во Балтимор, Мериленд. По неколку години тие се собрале за да ја прослават големата победа.
Кога се сретнаа, сите имаа рак. Набрзо станаа најдобри другарки кои, без оглед на околностите, не се раздвојуваа.
Ова пријателство вклучило многу повеќе луѓе освен групата на четирите другарки. И нивните родители многу се зближија. Карен Мур, мајката на Мекинли, објасни дека од гледна точка на родител било прекрасно да имаш други мајки со кои ќе се поврзеш.
– Едноставно покрај себе имаш други луѓе што поминуваат низ истите проблеми, и тоа во истото време – вели таа.
Медицинската сестра Пејџ, која се грижела за девојчињата, вели:
– Многу сум среќна за нив. Ми доаѓа да плачам од среќа. Мислам, едноставно ги сакам како да се мои. Прекрасни се.
Лесно е да се биде горд на овие мали девојчиња, кога ќе се земе предвид до каде стигнаа. Успеаја да го одржат тоа пријателство и кога завршија третманите, и кога повторно им порасна косата. Овие девојчиња се толку среќни кога се заедно, а планираат да се среќаваат секоја година.