Воспитување

Трите работи што им се потребни на децата кога се вознемирени

Во моментите кога децата се вознемирени, на пример, за време на излив на бес, наоѓањето на вистинските зборови може да биде клучно за нивно смирување. Сепак, родителите понекогаш може да бидат збунети во такви ситуации.

За среќа, едукаторот за родителство, мајка и психолог Џејми Блох споделила неколку совети. Во нејзина објава на „Инстаграм“ таа истакнува три работи што можат да го смират вознемиреното дете:

-Слушајте ги децата за да се чувствуваат разбрани.
-Кажете им зборови на потврда за да ги нормализирате нивните емоции.
– Бидете нивно смирувачко присуство, било преку близина или допир, за да ја стабилизирате нивната емоционална состојба.

-Сите три компоненти ја зајакнуваат вашата врска со децата. Нашето присуство и поврзаност помагаат да се смири нивната анксиозност, создавајќи безбеден простор каде што ќе можат да ги споделат и обработуваат своите емоции – заклучува психологот.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top