Многу труд и време се внесуваат во виткање на подароците со хартија која луѓето секако подоцна ќе ја искинат. Украсувањето и пакувањето на подароците се главните делови на празничната сезона. А прекрасниот изглед на подароците е резултат на внимателна работа и креативност.
За среќа, корисниците на социјалните мрежи споделуваат совети и трикови за лесно пакување подароци. Без разлика дали се работи за тајни техники за пакување во необични форми или уреди кои помагаат во олеснување на процесот, сепак, овие совети ќе го намалат стресот во празничниот период кога сите брзаат некаде. Линдзи Рогенбак споделила видео кое покажува како да се спакува подарок со чудна форма. Наместо да се обидувате хартијата да се припои кон секој крај од кадифената играчка, таа советува хартијата да се витка во форма на малечка торба. Па играчката само ја ставате во торбата од хартија и го затворате врвот.
Подарок кој е во форма на туба може да предизвика проблем во идејата за виткање. Лениа – кралицата на виткањето, покажува трик со кој краевите од хартијата ќе изгледаат убаво и уредно. Откако ќе ја исечете хартијата во големина колку тубата, потоа се сечат краевите.
Потоа секој дел во јазичиња. Потоа, таа само го притиска секое јазиче надолу откако хартијата ќе се завитка околу цевката, давајќи ѝ убав чист раб.
На „Тик-ток“ се покажува и метод за виткање хартија на начин кој не подразбира лента. Ова е добра вештина за совладување бидејќи секој има момент во животот кога нема лента или нешто за врзување додека пакува подароци. Уште еден корисник на „Тик-Ток“ со име Моли објавува под името „The Renegade Home“ и споделува совети за луѓето кои имаат мака со мерењето на точната количина хартија за виткање подарок. Ако хартијата не е доволна, таа препорачува предметот да се стави дијагонално пред да се почне со виткање. Тоа помага при користење помалку хартија во процесот на виткање, односно подготовка на подароците.
Автор: Мајкл Холан