Иако движењето е клучно за здравиот физички, емоционален и когнитивен развој на децата, во дигиталниот свет често недостига мотивација. Клучот не е присилување, туку родителите да бидат активен пример, физичката активност да ја претворат во игра и природно да ја вградат во секојдневието на целото семејство.
Зошто движењето е толку важно?
Редовната физичка активност ги зајакнува коските и мускулите, го намалува ризикот од дебелина и дијабетес тип 2, ги подобрува расположението и концентрацијата и помага во намалување на стресот и анксиозноста. Активните деца имаат подобро целокупно здравје и училиштен успех.
Како да ги мотивирате децата?
Бидете пример – Децата учат со набљудување. Заеднички прошетки, возење велосипед или танцување дома создаваат здрави навики и убави спомени.
Претворете го движењето во игра – Различни игри, танц со замрзнување или игри со балони, кога е забавно, не е обврска.

Активности дома – Полигон со перници и столчиња, балон во воздух или танц-пауза се одлични кога времето не дозволува излегување.
Што повеќе време надвор – Потрага по „богатство“, цртање со креда или едноставни игри во парк поттикнуваат движење и љубопитност.
Движење низ обврски – Средувањето, носењето работи или помагањето во двор може да стане игра и вежба во исто време.
Активни екрани – Ограничете пасивно гледање и воведете активни видеоигри што вклучуваат танц или движење.
Приспособување на возраста
- До 2 години: едноставни движења и имитации;
- 3-5 години: имитирање животни и игри со рамнотежа
- 6+ години: велосипед, тимски спортови и посложени игри.
Креативни идеи што функционираат
Физиологот Рејчел Дехевен предлага „неконвенционално вежбање“ – седење на пилатес-топка додека се игра, градење со лего-коцки низ целата куќа или цртање додека стојат.
Се ја нагласува важноста на тоа семејството да биде заедно затоа што активностите се полесни и поубави кога се споделуваат.