Игротека

Трик за украсување на новогодишната елка

Ако не сте меѓу оние што веќе ја имаат украсено новогодишната елка на крајот од октомври, тогаш допрва ви следува тој процес. Иако таквите украси шират радост и празнична атмосфера, често се потребни часови и мнооогу фрустрација за да се наместат.

Една мајка открила лесен трик за да заштедите време. Тамара Ведерби, која тврди дека е само „мајка која сака да преживее“, е позната по своите родителски трикови. Но, да се биде зафатена мајка не е лесно, а Тамара дефинитивно не може да си дозволи да потроши скапоцено време, особено на декорации.

„Ако сѐ уште не сте ги наместиле светилките на новогодишната елка, ова видео е за вас. Ова е божиќниот трик што го научив минатата година“, вели таа. Појаснува дека е важно да се почне од дното на елката. Продолжете со движења напред-назад додека не стигнете до врвот на дрвото. Потоа, земете го следниот сет светилки и почнете од врвот на елката. „Поентата е да можете да ги вклучувате двата сета светилки заедно“, вели таа.

Не само што ваквиот начин ќе ви заштеди време, туку и се олеснува процесот на вадење на светилките откако празниците ќе завршат. Уште една идеја која таа ја препорачува е да се пакува новогодишната елка сосе светилките на неа.

Автор: Кејт Кулнис

Извор

Поврзани написи

To top