Д-р Шалини Вермa, гинеколог и акушер, на „Инстаграм“ сподели снимка во која го објаснува најдобриот начин за станување од кревет по царски рез. Иако мајките не чувствуваат болка за време на интервенцијата, по операцијата следува период на закрепнување и токму станувањето од кревет може да биде најтешко.
Зошто не станувате право?
Станувањето право нанапред создава големо напрегање на долниот дел од стомакот, каде што се наоѓа сечениот дел, па д-р Вермa не го препорачува тој начин на станување.
Што да избегнувате?
Да ги ставате нозете преку работ на креветот и потоа да се обидувате да станете, тоа исто така го преоптоварува ризичниот предел.
Како најлесно да станете?
Легнете на грб и полека свиткајте ги колената. Префрлете една рака преку градите и бавно свртете се настрана. Со двете раце нежно турнете се од креветот додека сте свртени настрана. Следно, поставете ги стапалата рамно на подот, а потоа не обидувајте се да станете право, бидејќи тоа е тешко за вашите стомачни мускули. Наместо тоа, благо вовлечете го стомакот и полека станете.