Децата се чудни. Можеме да се смееме на тоа, можеме да се расправаме за тоа, можеме да кажуваме шеги, но фактот е дека нивните мозоци работат на начини што не ги разбираме. Затоа не ни е јасно зошто доаѓа до распаѓање на системот ако не добијат чинија со храна наредена како што тие замислувале. И затоа понекогаш наоколу носат скелет…
Да, скелет. Пластичен, секако, но сепак е доволно чудно. Тригодишно девојче од Илиноис се приврзало за еден скелет што требало да биде декорација за Ноќта на вештерките. Мајката на малата Аспен, Изабел Вери, објавила видеа на „Тик-ток“ во кои ја покажува својата ќерка како оди насекаде со скелетот што го нарекла г. Боунс (Коски). Изабел споделила неколку видеа на „Тик-ток“ од Аспен и г. Боунс како го посетуваат докторот, одат во продавница, се лулаат на лулашките, возат велосипеди, седат во автомобилот и, секако, спијат заедно во креветче.
-Луѓето постојано ја прашуваат за него. Сите велат дека е толку љубезна и грижлива и навистина е. Ги сака и животните и едноставно се грижи за работите – изјавила мајката.
@isabel.wherryy At least he always looks happy 😂💀🙌🏻 #fyp #toddlersoftiktok #wholesome #skeleton #funnykids ♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey
Секако, не им требало долго време на нејзините следбеници да направат нешто слатко за Аспен – некој ѝ испратил цело семејство скелети со различни големини и облека што „сите скелети би сакале да ја носат“. Но, ова не не се единствените необични домашни миленици со посебен статус во ова семејство. Аспен има и мртов штурец. Да, мртов штурец. Таа дури и му организирала роденденска забава на неговиот прв роденден… Или можеби на неговиот „ден на смртта“, а мајка и го документирала сето тоа, се разбира.
@isabel.wherryy I never thought I would be celebrating a dead cicadas birthday but here we are 🙌🏻🤭 #parenting #cicada #fyp #wholesome #funnykids ♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey
И дека мајките навистина мислат на сè е докажано со фактот дека мајката на Аспен има уште пет мртви штурци подготвени во случај овој што сега го чува Аспен да биде уништен – или згмечен?
-Имаме резерви. Штом чува штурец и скелет, можеби таа едноставно сака мртви работи! – рекла мајката.
Автор: Наташа Крстичевиќ