-На две години плачат. На три имаат епски испади на бес, такви што понекогаш сте уверени дека се „опседнати со ѓаволот“.
-На две години јадат сè што ќе ставиш пред нив. На три, како да јадат само три намирници… обично оние што не сакате да ги јадат.
-На две години бањањето трае десетина минути и резултатот е чисто дете. На три години бањањето трае околу еден час и резултатот е водена бања, мокри родители и 16 искористени пешкири.
-На две години носат пелени кои се менуваат под твоето будно око. На три научени се на нокшир и светот се врти околу нивниот мочен меур и нивните црева.
-На две години внимание им привлекуваат чоколадите во продавница. На три имаат цела листа со работи што сакаат да им ги купите во продавница.

-На две години ви дозволуваат да ги облекувате и изгледаат така слатко и невино. На три години инсистираат самите да ја изберат облеката и изгледаат како да излегле од цртани филмови.
-На две години не сакаат кога ќе се извалкаат. На три години едвај чекаат да се валкаат во кал.
-На две години дозволуваат ти да правиш работи наместо нив поради што ќе заштедиш многу време. На три години сакаат апсолутно сè да прават сами, па сè трае ЗАСЕКОГАШ.
-На две години, манипулацијата им е последна работа на светот. На три години, те поседуваат. И свесни се за тоа многу добро.