Воспитување

Три збора што треба да ги кажете ако некој ви упати злобен коментар или навреда

Кога некој пријател, колега или некој друг ќе направи шега на ваша сметка за која мислите дека не е соодветна, може да биде тешко да го прифатите тоа без горчина и лутина.

Ако се ​​однесувате како да не ви пречело, тогаш може да предизвикате повеќе слични коментари да бидат повторно упатени кон вас, а истиот начин на одговарање или влегувањето во конфронтација нема да го решат проблемот.

Можеби никогаш не сте слушнале за Сара Џејн Хо, а речиси сигурно не сте слушнале за нејзината професија. Дипломирала на „Харвард“ и сега е експерт за бонтон однесување. Таа работела за „Нетфликс“, а нејзината работа е да ги учи луѓето на добри манири и да помогне во развојот на социјалната интелигенција. За себе вели дека знае што да каже и на кој начин да постапи во секоја ситуација, дури и во многу непријатни моменти, на пример, кога некој ќе ве омаловажи. Таа тврди дека ако се најдете во ситуација кога некој ви упатува злобен коментар, можете да го дочекате со љубезност и стил, така што што ќе кажете една едноставна (и во никој случај иронична) реченица:

„Дали си добро?“

„Ако некој ми упати груба забелешка, јас обично го кревам погледот и учтиво велам: „Дали си добро? Како се чувствуваш?“

Тие три збора се сигнал дека не сте го разбрале коментарот како да е нешто што се однесува на вас, туку дека говори за состојбата во која се наоѓа тој што го изговорил коментарот и дека мислите дека тие зборови не биле во ред.

Колку што е важна содржината на она што го кажувате, толку е важен и тонот. Кога ќе прашате: „Дали си добро?“, не бидете лути или груби. Прашајте искрено.

„Целта не е да се возврати на навредата“, вели Хо.

Во некои ситуации, ако не кажете ништо, и тоа може да испрати слична порака, па може дури да биде посоодветно ако лицето што го дава непријатниот коментар не е блиско со вас, па односот со него да бара формален пристап.

И без разлика кој ве навредил, многу е важно да не му испраќате порака дека има контрола над вашето расположение. А лутите одговори, гневот и расправиите му испраќаат на лицето токму таква порака.

„Најголема моќ е кога ќе ѝ покажете на другата личност дека нема моќ над вас“, тврди Хо.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top