Прво е добро да се знае дека нашето малечко, уште од првите часови по раѓањето, покрај сите звуци на кои беше изложено, можеше да препознае и да се фокусира на оние што имаат лингвистичко значење: ова така е затоа што генски имаме предиспозиции да ја учиме способноста за комуницирање. Јазичниот развој е поврзан со развојот на телото, а особено со: аудиторниот систем, мозочните регии и мускулатурата на лицето.
Секоја од овие регии има свој пат кон созревање: и откако ќе се развие, мора да научи да функционираат заедно и да соработуваат една со друга. Затоа јазикот се совладува градациски: нема јасна дистинкција помеѓу моментот кога детето „не зборува“ и моментот кога „почнува да зборува“. Се работи за процес кој секое дете го поминува различно и со свое темпо, кое не е линеарно: во некои моменти ќе забележите одредени подобрувања, додека другпат може да ви изгледа како малечкото да не бележи напредок, но сето тоа е нормално. Во овој процес, секако, важна е нашата улога како родители. Терапевтот за говор Ана Биавати-Смит посочува 3 едноставни стратегии кои би помогнале процесот на учење говор да биде поприроден:
Моќта на повторувањето – Неколку студии покажале дека во раните фази на процесот на учење вербален јазик потребно е да се слуша некој збор барем илјада пати пред да почне да се применува. Истото се применува и на оние што веќе знаат одреден збор, но мора да научат точно да го применуваат. Но, бидете внимателни. Важно е родителите да го повторуваат зборот повеќе пати без да инсистираат и детето да го повтори: тоа треба природно да му дојде.
Моќта на паузата – Обидете се да пеете песничка и направете пауза – инстинктот на оној што слуша е да ја доврши. Стимулирањето на детето да заврши реченица ќе му помогне многу во развојот на комуникациските вештини.

Моќта на играта – Играта е есенцијална за да се стимулира детската комуникација. Бара интеракција, концентрација и го насочува вниманието. Исто така, стимулира емпатија и размена. Никогаш не престанувајте да зборувате додека играте со детето: кажувајте што се случува и именувајте ги предметите што ги користите.
Ова се стратегии кои се креирани од експерти, заедно со терапевтот Ана Биавати-Смит, која работи со наставници, професионалци и родители за да им помогне да го стимулираат јазичниот развој кај децата. Д-р Биавати објаснува:
– Не смееме да мислиме дека веднаш ќе видиме резултати. Ако ни изгледа дека нашето малечко има потреба од повеќе време за да се подобри, мора да бидеме трпеливи, бидејќи детето се подобрува секој момент. Во секој случај, не оставајте грижата да ви се покаже, туку испратете му на детето смиреност, па и тоа нема да покаже анксиозност или вина.
Автор: Иларија Бараброса