Игротека

Три распродадени концерти: „Светот на Биби“ и Националниот џез оркестар создадоа музичка магија за најмладите

Кога културата, музиката и детската имагинација се спојуваат, се создава магија. Токму тоа се случи со годинешниот детски концерт на Националниот џез оркестар, кој по иницијатива на директорот Гоце Стевковски беше посветен на проектот „Светот на Биби“.

Резултатот се три концерти со полни сали и среќни деца, кои имаа можност да уживаат во уникатно музичко и сценско доживување. На сцената настапија 80 музичари, актери и деца, меѓу кои и балерините од Студио „Балерина“ и детското хорче од ОУ „Кузман Јосифовски Питу“, под диригентската палка на маестро Џијан Емин. Зад сцената стои тим од повеќе од 100 професионалци кои работат на создавање нови сценарија, нови содржини и нови производи од „Светот на Биби“. 

Посебно признание заслужува Ангел Ќосев, композиторот на песничките, како и целиот авторски и продукциски тим кој ги создаде новите џез-аранжмани. Со оваа соработка песничките од „Светот на Биби“ добија нова музичка димензија и прераснаа во вистински музички дела.

„Светот на Биби“ претставува еден од најгледаните детски едукативни проекти во регионот, а со вчерашниот концерт уште еднаш се потврди дека детската содржина заслужува врвна продукција и голема сцена. Со овој настан се испрати силна порака за значењето на вложувањето во квалитетна детска култура, уметност и музика. 

Проектот продолжува со нови содржини и активности.

Фото: Министерство за култура

Поврзани написи

To top