Игротека

Три дена кампирале пред болницата за да го дочекаат новиот член на семејството

Група луѓе три дена кампирале на болничкиот паркинг за да го дочекаат раѓањето на новиот член на фамилијата. Не можеле да влезат во болницата поради ограничувањата. Нивното чекање на крајот се исплатило, а видеото од тридневното дружење станало вирално на „Тик-ток“.

„Го повикаа обезбедувањето поради тоа што чекавме пред болницата“, е описот на видеото кое за една недела собрало дури 13,5 милиони прегледи.

„Сестра ми треба да се породи, но поради ковидот, можеме да бидеме само на паркингот под нејзината болничка соба. Погледнете докрај, се исплати“, е пораката на почетокот на видеото објавено од „@charishernandezart“.

Им се придружиле повеќе луѓе, како и идниот татко, кој дошол да им ја соопшти веста. До 23 часот немало напредок, но тие продолжиле да чекаат.

Вториот ден во 19 часот дознале дека се ближи породувањето. Како што се стемнувало, тие гледале со двоглед кон болничката соба.

Конечно, на третиот ден во 5:30 часот се родило бебето, а таткото го зел в прегратка и зад стаклото од болничкиот прозорец им го покажал бебето на луѓето што чекале. Моментот потсетува на сцената од цртаниот филм „Кралот лав“.

„Прекрасно сеќавање, честитки за мама и тато“, „Ова бебе е среќно што има толку неверојатно семејство“, „Без сомнение најдоброто видео што сум го видел на Тик-ток“, се само дел од коментарите.

Watch on TikTok

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top