Воспитување

Третата година е возраст кога сè се менува

Бебињата се неодоливи – се тркалаат по подот, спијат на нашите гради, гугаат… И потоа, пред да се свртиме, ете го третиот роденден. Погледнете само како пораснаа – си велиме едни на други. И само за миг, веќе почнале да одат низ собата кон нашите раширени раце и го гледаме тоа прекрасно дете кое ни доаѓа во прегратка.

Ништо не може да ве подготви за тоа, за третата година

Тоа е време кога доаѓаат нови искуства. Солзите имаат сосема нова улога. Тргнуваат од многу специфично значење, како што се глад или исцрпеност, до збунувачки околности – тригодишните деца почнуваат да ги тестираат своите способности. Детето што плаче можеби се обидува да ти каже дека му се спие или нешто слично. Не можеме да го оспориме тој факт. Сепак, погледнете кое било тригодишно дете што плаче, тоа е повеќе од солзи. Бидејќи третата година е кога децата почнуваат да плачат бидејќи сакаат да биде по нивно, и тоа СЕГА.

Чарли, моето најмало дете, има 3 години. Веќе сум го искусил тоа, бидејќи низ тоа поминаа и неговите постари брат и сестра. Секој ден се обидувам да се потсетам дека нема секогаш да биде на оваа возраст, но не е лесно. Чарли најчесто се повредува себеси додека оди.

Секој ден карактерот на син ми излегува на површина сè повеќе и повеќе

Кога имаше 1 или 2 години, беше сладок. Отпорот се среќава со каприците. Децата на оваа возраст го тестираат вашето трпение. Бидејќи не е лесно да се пронајде рамнотежа помеѓу пуштањето да растат и обидувањето да ги спречите секој ден да добиваат по 4 или 5 конци. Кога децата имаат една или две години, тогаш се „поопшти“. Не е тоа ништо лошо, децата се слични додека уште немаат 3 години. Но, кога еднаш ќе наполнат 3 години… внимавајте. Сè тргнува од оваа возраст. Почнуваат да ги сфаќаат рамките на животот. Топли рингли и лоши вести, фаќање пчели како лоша идеја, отворање на фрижидерот и посегање по чоколадното млеко и се разбира негово истурање по подот.

Има некои работи за кои не се зборува многу за периодот кога децата имаат 3 години. Бунтовништвото е реалност. Возбудата и радоста се поврзуваат со многу специфични работи, а исто така тагата станува многу појасна од порано. Има нешто неверојатно во гледањето тригодишник како развива сопствена страст. Чарли наполни 3 години и веднаш потоа почна да се воодушевува на пожарникарски камиони.

Прв поглед кон уникатноста на мојот најмал син

Мало момче кое сака пожарникарски камиони е стара карактеристика, го знам тоа, но кога моето момче ги вози камионите, срцето ми чука побрзо и го слушам како вреска додека си игра. Сите имаме чувство дека неговиот дух и енергија се на повисоко ниво. Другите две деца никогаш не се грижеа за пожарникарски камиони. Ова е страст на Чарли. Се смееме додека истовремено нè плаши со неговите изненадувачки врескања кога ќе забележи таков камион на патот.

Безимена ситуација

Нашето дете сака некоја работа што не може да ја објасни. Со тоа, прави и ние да негуваме љубов кон истите нешта. Третата година е периодот кога лицето на детето станува негов лик, кој некој ден, во иднина, ќе го гледате како седи спроти вас, јадејќи бургер, можеби ќе си точи пиво и ќе ги препознаете истите образи и светкави очи, како и блескавата насмевка која сте ја гледале во ретровизорот во автомобилот. Ќе ги гледате како си ја јадат вечерата, пораснати и вознемирени од вашето зјапање, па ако условите се во ред, ако чекате доволно долго и гледате доволно блиску, ќе ја видите истата искра на радост на нивното лице на која сте сведочеле пред многу години. Тогаш кога сте оделе до пожарникарската станица, намалувајќи ја брзината за да поминете покрај отворените врати, чекајќи го моментот на магија кој сте знаеле дека ќе дојде – магија која сте знаеле дека ќе се ослободи од прекрасната енергија на тригодишникот.

Магија на која сè уште се сеќавате како да се случила вчера.

Автор: Серџ Биеланко

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top