Директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска Ставридис смета дека количината на матичните клетки која ја има во млечните заби е многу мала, за да се искористи во лекување на сериозно малигно заболување. Според неа, залудно е да се чуваат млечните заби
Откако на децата ќе им паднат млечните заби, родителите имаат различни ритуали. Некои ги праќаат кај добрата вила, некои го фрлаат со изрека да им се прати нов. Некои родители ги чуваат запчињата на децата за спомен. И иако можеби звучи чудно, има и научна причина зошто можеби треба да се чуваат млечните заби на децата. Според некои научни истражувања, се верува дека млечните заби имаат вредни матични клетки кои можат да се изборат со сериозни заболувања. Дел од научници препорачуваат да се зачувуваат запчињата за од нив да се извлечат дентални матични клетки. А подоцна тие клетки можат да се искористат во лекување на болести, како на пример за лекување на рак. Но друг дел велат дека овие клетки не се доволно корисни за лекување.
Поделени ставови
Директорката на Клиниката за хематологија, д-р Ирина Пановска-Ставридис, вели дека количината на матичните клетки која ја има во млечните заби е многу мала, за да се искористи во лекување на сериозно малигно заболување. Според неа, залудно е да се чуваат млечните заби.
-Таа количина на клетки што ја има би можело да се искористи во процедури на регенативна медицина кои се уште не се подобрени и не се со стандардни процедури базирани на докази. Не би му препорачала на некој да чува млечни заби. Искрено сега во светот се повеќе се применуваат методи во лекување на малигни хематолошки заболувања полуидентичните трансплатации кога донорот и пацинетот не мора да се потполно идентични туку да се совпаднат само во 50 отсто од тие протеини кои што ги детектираме, кои мораат да бидат еднакви при трансплатација. Се повеќе донори можат да бидат брат и сестра и родителите. Се помалку се прават трансплатации и од папочна врвца затоа што има исто така многу мала количина на матични клетки. Но доколку родителите сакаат да сочуваат нешто, мој совет е тоа да биде крв од папочната врвца. А мислам дека во наредните години воопшто ќе исчезне и оваа практика – вели д-р Пановска-Ставридис.
Што се дентални клетки?
Нашето тело е изградено од клетки на истиот начин на кој куќата е изградена од цигли. Клетките се поделени на 3 различни групи и секоја има посебна функција. Матичните клетки се млади клетки што подоцна се развиваат во една од овие групи. Крвните клетки растат и се развиваат во сунѓерест дел од коската наречен коскена срцевина. Матичните клетки може да се земат од забите, како што можат и од другите делови од коските.
Зошто некои лекари препорачуваат да се чуваат млечните заби на децата?
Запомнете, забите треба да бидат соодветно складирани за да бидат корисни. Лекарите и научниците користат технологија за да ги зачуваат и подоцна да произведуваат матични клетки.
Лекување со дентални матични клетки?
Матичните клетки може да произведат секаков друг тип клетки во вашето тело. Така, може да ги заменат оштетените клетки. Истражувања покажуваат дека матичните клетки може да помогнат во борбата против канцерот. Се спроведуваат студии за да се сфати потенцијалот на матичните клетки кога станува збор и за третман на други болести, на пример, срцева инфекција. Како што информираат светските научници некои студии може да завршат неуспешно и покрај тоа што докторите професионално си ја завршиле работата.
-Ако ви е препишана терапија со матични клетки, разгледајте ги можните ризици што ги опишува Интернационалното здружение за истражувања за матични клетки. Тие обезбедуваат листа со прашања што би требало да му ги поставите на лекарот пред да започнете со третманот – велат научниците.
912