Токсоплазмозата е паразитска инфекција предизвикана од протозоата „Toxoplasma gondii“. Поради можноста за пренесување на инфекцијата на фетусот, токсоплазмозата претставува сериозна закана за бремените жени и за здравјето на бебето.
Како се јавува инфекција со токсоплазма кај бремени жени?
Паразитот „Toxoplasma gondii“ се размножува во дигестивниот тракт на мачките. Затоа, најчестиот начин за пренесување на инфекцијата е со внесување на паразитот преку храна или вода загадена со измет од мачки. Имено, инфекцијата со токсоплазма може да се случи на неколку начини:
-контакт со измет од мачки што содржи паразит
-консумација на сурово или недоволно варено месо кое го содржи паразитот
-неизмиени овошје и зеленчук контаминирани со паразитот.
Опасности од вродена токсоплазмоза кај бебето
Вродената токсоплазмоза кај бебето се јавува како резултат на примарна (прва) инфекција на мајката за време на бременоста. Ризикот од пренесување на инфекција на фетусот зависи од фазата на бременост. Колку порано се појави инфекцијата во бременоста, толку е помал ризикот од пренесување на бебето, но последиците се потешки, вклучувајќи спонтан абортус и вродени аномалии на бебето (оштетување на мозокот, очите и сл.), во текот на третото тримесечје, но болеста обично не се препознава веднаш при раѓањето, туку се манифестира со оштетувања кои се појавуваат подоцна во животот.
Како да се спречи токсоплазмоза во бременоста?
Подолу ви презентираме неколку препораки за намалување на ризикот од инфекција со токсоплазма и зачувување на здравјето на трудниците и бебето.
-избегнувајте консумација на сирово или недоволно варено месо
-темелно измијте ги овошјето и зеленчукот пред консумирање
-избегнувајте контакт со измет од мачки.
Иако токсоплазмозата за време на бременоста е опасна, повеќето трудници раѓаат сосема здрави деца. Со следење на превентивните мерки и редовни лекарски прегледи, ризикот од инфекција може значително да се намали. Информацијата и претпазливоста се најдобри сојузници во заштитата на здравјето на трудниците и на бебето.
Автор: Моника Бабиќ
912