Децата навистина знаат како да ви ги поместат границите и како да ве донесат до „лудило“. Го испробавте секој познат родителски трик и повеќе не знаете кој е најдобриот начин за справување со однесувањето на децата. Вашата фрустрација е на највисоко ниво и ги губите нервите.

Секој родител бил во ваква ситуација и секој родител кажал нешто за кое подоцна се каел. Во продолжение се неколку разговори што треба да ги избегнувате со вашите деца.

Што не е во ред со тебе?

Нашите деца донесуваат смешни одлуки и тоа безброј пати. Нивниот мозок е во развој и тие донесуваат импулсивни избори и не обрнуваат внимание на последиците. Како возрасни, ние стоиме настрана додека го гледаме падот од тој импулсивен избор велејќи му на детето: „Што не е во ред со тебе?“

Нашите деца се погодени од овие груби зборови и се мачат да најдат причина за ситуацијата во која се нашле. Реалноста е оваа: Нашите деца се во ред. Тие уште се развиваат интелектуално и буквално немаат физичка или интелектуална способност вистински да размислат за изборот што го прават.

Но, и да сте го рекле ова, треба да се извините и да го преформулирате вашето прашање. Единствениот начин вистински да го промените нивното однесување е да разговарате со нив и да им посочите подобар начин кога ќе одлучуваат за следниот избор. Никогаш не плашете се да им се извините на вашите деца. Тоа нè прави почовечни кон нив и многу полесно да им пристапиме кога им треба поддршка.

Зошто не можеш да бидеш како…?

Ова прашање е убиец на самодовербата на секое дете. Секое дете е прекрасно создадена индивидуа и уникатна во секој поглед. Детето нема да биде исто како братот, братучедот или друго дете во одделението. Сите сме неверојатни на свој начин.

Како можете да го поправите ова прашање? Едноставно, со извинување. Кажете му на вашето дете дека ви е жал што сте рекле така и дека ви е мило што е уникатно и различно од другите. Објаснете му дека не очекувате да биде како неговиот брат или сестра. Уверете го дека го сакате такво какво што е.

Толку сум ти лут/а што можам… (одредена родителска закана)

Честопати донесуваме брзи одлуки кога станува збор за нашите деца. Нашиот мозок брза и затоа брзо донесуваме заклучоци. Даваме казни или изјави кои подоцна сме принудени да ги поткрепиме дури и кога се каеме. Во секој случај, ова не е добра ситуација за никого. Секој груб збор е удар против емоциите и срцата на вашите деца. Кога нашите деца донесуваат разочарувачки одлуки, сакаме тие да го разберат влијанието. Сакаме тие вистински да разберат дека одлуките носат последици и дека тие последици имаат тежина.

Не упатувајте закани кои не сте подготвени вистински да ги проследите. Децата многу брзо ги учат границите и ќе знаат кога нема да ја исполните вашата закана. Секогаш кога нема да ја реализирате, го губите авторитетот.

Најдоброто нешто што можете да го направите за вашиот однос со вашите деца е да бидете јасни и да создадете здрави граници. Кога децата знаат каде лежи границата и секогаш кога ќе ја тестираат, границата не се поместува, кај нив ќе функционира вашиот авторитет. Децата тестираат и туркаат за да се уверат дека границата е сигурна. Кога ќе стоите постојано на истото место, ќе му покажете на вашето дете дека верувате во вашата одлука и никакво возвраќање од неа нема да ви го промени мислењето.

Извор



912

X