Сигурна сум дека и ти си била таму. Си направила планови за излегување со пријателите или да дојдат кај тебе и на крајот сè пропаднало. Можеби си организирала ден за играње и околностите направиле сè за повеќе да немаш контрола. Се случува. И тоа често ми се случува. Постојат толку многу фактори во планирањето кога децата се вклучени во распоредот. Мораш да сметаш и на попладневното спиење, времето за оброци, возење и сè да не стане лудо. И тоа со намера да бидеш најдобра мајка што можеш да бидеш. За жал, да се биде добра мајка, често значи дека ќе бидеш помалку добар пријател.
Борбата за рамнотежа е постојано присутна, здрава мајка и внимателна пријателка.
Понекогаш ми требаат неколку дена за да одговорам на порака, а тоа не е затоа што не ми е важно. Туку затоа што се борам со жонглирање помеѓу мајчинството, задачите дома и обезбедувањето пристојна храна на масата. Тоа не значи дека не сакам или не ми треба време со пријателите. Знам дека ми треба. Ми треба тоа време да се опуштам со пријателите, да земам здив, да споделам нешто и да испијам пијалак. Ми треба време моето дете да си игра со пријателите додека мама седи и се обидува да се опушти 2 минути. Полесно е да се каже отколку да се направи.
Пред неколку недели направив импровизиран состанок со пријателите. Единствено време кога тоа можев да го направам беше попладне, кога мојата ќерка требаше да спие. Иако се разбуди во 6 часот наутро, помислив, сè е во ред, можеме да го направиме тоа. Едно пропуштено спиење нема да ја убие. Но, знаев дека тоа е лага. Затоа што ја познавам својата ќерка и знам дека без сон ќе се преобрази во малечко нерасположено дете. Непотребно е да се каже дека времето за кафе беше проткаено со наговарање, срам и игри на мобилен, а јас бев огорчена. А јас морав да се обвинувам само себеси. Понекогаш чувствувам како да ги ставам потребите на ќерка ми пред моите, што се спротивставува на правилата на модерните жени.
Се разбира, ми треба време за себе и сигурно постојат случаи кога јас треба да бидам на прво место, сфатив дека тоа ми треба и дека нема негативно да влијае врз моето дете.

Веќе нема да потврдувам работи за кои знам дека ќе завршат со катастрофа. Ако секојпат моето дете е нерасположено по играњето со твоето дете, мене тоа ми одзема цел ден, па пристојно ќе речам: „Не, благодарам.“ Ако ти треба помош, ќе мораме да ги усогласиме двата распореди за тоа да се случи. И нема да се чувствувам виновна затоа што не сум во состојба да скокнам од автомобилот и да возам. Постојат многу обвинувања што доаѓаат со мајчинството. Движењето на водите на пријателството по деца, може тој брод да го доведе опасно блиску до карпестото крајбрежје. Сите се трудиме, но некој секогаш ќе се чувствува изоставен. Додајте го на тоа и општествениот притисок кој наметнува совршенство и најдобро однесување на децата и ќе добиете рецепт за незадоволство. Само потсетете се дека сте човек, како и другите мајки со кои се обидувате да се споите.
Пријателството е витален дел од мајчинството – оној што може да го намали товарот и да ја подмлади душата – но се случува животот. Децата ќе бидат нерасположени, плановите нема да успеат, а тоа е во ред. Понекогаш ќе мораш да ги одобриш потребите на своето дете пред своите или на твоите пријатели. И се надевам дека оние што те сакаат ќе те разберат.
Ако не ти одговорам на порака, ако плановите пропаднат, ако не ти се јавам, верувај дека сè уште сум тука. Само се обидувам да се пробијам низ рововите на мајчинството. Ветувам дека ќе бидам добар пријател кога ќе излезам.
Автор: Бријан Рендал