Воспитување

Мишел Обама ја открива најголемата грешка што ја направила како мајка

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, отворено проговори за еден чувствителен момент во нејзиниот родителски живот – физичкото казнување. Во неодамнешната епизода од нејзиниот поткаст ИМО со Мишел Обама и Крег Робинсон, Мишел признала дека во минатото ги удирала своите ќерки, но дека со текот на времето го променила пристапот кога сфатила како се чувствува поради тоа.

Мишел, која има две ќерки со поранешниот претседател Барак Обама, Малија (26) и Саша (23), разговарала со Крег Робинсон и гостите Дејмон и Марлон Вејанс за моментот кога одлучила да престане да користи физичка дисциплина.

-Се чувствував глупаво. Беа доволни неколку шлаканици по задникот за да сфатам дека не сакам повеќе да го правам тоа – рекла Обама.

Таа опишала момент на интроспекција што ја навел да го преиспита сопственото однесување како родител.

-Помислив – ова е мало дете. А фактот што не можев да смислам подобар начин да ја пренесам пораката отколку да го удирам, ме засрами – рекла Мишел.

Таа жали за времето кога имало построги и појасни правила во воспитувањето. Нагласила дека не ги осудува другите родители, туку едноставно го споделува сопственото искуство и како нејзиниот пристап се променил низ годините. Позната по својата посветеност и искреност кога станува збор за мајчинството, Мишел признала колку е тешко да се најде рамнотежа во воспитувањето на децата денес. Сепак, таа додала дека не го дели целосно пристапот на таканареченото „модерно родителство“.

-Би сакала да вратиме некои од вредностите што ги имавме порано – рекла таа, потсетувајќи се на построгите, но појасни правила од минатите генерации.

Иако повеќе не користи физичко казнување, таа сè уште верува во поставување јасни граници.

-Родителите денес премногу се плашат да поставуваат граници. И мислам дека тоа е еден од предизвиците со кои се соочуваме во оваа генерација. Никој не е совршен. Целта е да учите, да се менувате и да им го давате најдоброто што можете на вашите деца – заклучила Обама.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top