Пред нашите очи се случува тивка трагедија. Во нашите домови, а се однесува на нашите деца. Статистиките се поразителни и најлоши во последните 15 години. Покажуваат дека децата се во лоша емоционална состојба.
Ова се деталите:
– Едно од пет деца има ментални проблеми;
– Хиперактивноста е зголемена за 37%;
– Тинејџерските депресии се зголемени за 37%;
– Стапката на самоубиства меѓу деца од 10 и повеќе години е зголемена за 200%.
Се обвинуваат образовниот систем, генетиката и слично, но најголема вина имаат родителите. Научно е докажано дека мозокот има можност да се приспособува на средината. Во таа средина спаѓа и родителството и на тој начин го насочуваме нивниот мозок во погрешен правец. Што всушност не е во ред?
Денешните деца се лишени од основите на здравото детство, како што се:
– Емотивно достапни родители;
– Јасно дефинирани граници и насоки;
– Одговорности;
– Балансирана исхрана и адекватен сон;
– Вежби и игри на отворено;
– Креативни игри и социјална интеракција;
– Можност за неструктурирано време и досада.
Освен тоа, децата добиваат:
– Дигитално зафатени родители, кои постојано гледаат во телефон;
– Попустливи родители чии деца се „владетели на светот“;
– Чувство за права, но не и за одговорност;
– Неадекватен сон и небалансирана исхрана;
– Седење, недвижење и живот во затворено;
– Бескрајна стимулација со технолошки „бебиситерки“;
– Моментален успех и отсуство на каква било досада
Како тоа да се поправи?
Потребно е враќање на основите. Поставете граници како родители и запаметете дека сте родител на вашето дете, а не пријател. Дајте им го на децата она што им е потребно, а не само она што го сакаат. Не плашете се да кажете „не“ за одредени работи.
– Обезбедете квалитетна храна;
– Поминете еден час дневно во зелен простор, природа;
– Имајте семејна вечера без употреба на мобилни телефони;
– Играјте по една друштвена игра дневно;
– Детето нека биде задолжено за една домашна работа дневно (да ги среди играчките, облеката и слично);
– Одредете време за спиење и не користете технологија за заспивање;
– Учете ги на одговорност и независност;
– Не штитете ги премногу од мали пропусти, тоа ги тренира нивните вештини кои се потребни за преоѓање преку поголемите животни предизвици.
Научете ги вашите деца сами да се грижат за себе и не завршувајте ги сите работи наместо нив. Учете ги да бидат трпеливи и да не ја избегнуваат досадата по секоја цена, бидејќи таа ја буди креативноста. Бидете емоционално достапни за нив и намалете го користењето на технологијата.
Воспитувајте ги да бидат културни и учтиви, да ги почитуваат другите. Учете ги да се соочат со фрустрациите и бесот и поврзувајте се со нив емотивно. Не е доцна за воспитување на морално, етички и емоционални здрави генерации.