Во осумдесеттите години на минатиот век младите изведувачи во своите песни пееја и зборуваа за чувствата и фрустрациите што се јавуваат во тинејџерските години. Повеќето тинејџери беа запознаени со чувството на фрустрација кога сакаат нешто, а не можат да го добијат и кога се под директна контрола на возрасните, кои не ги разбираат.
Неодамнешните студии покажаа дека промената на хормоните и на изгледот не се единствените работи што се случуваат во текот на тинејџерските години.
Зошто тинејџерите се импулсивни?
Некогаш се сметаше дека до тригодишна возраст мозокот е комплетно оформен и шемите на развој се поставени, меѓутоа, скеновите покажаа дека за време на тинејџерскиот период и мозокот се соочува со нагло растење.
Исто како што гласот на тинејџерот претрпува промени, така и мозокот се соочува со нерамномерен раст. Некои од врските помеѓу различните невронски региони се подобруваат, но исто така многу делови од мозокот не се доволно созреани. Ова објаснува зошто некои тинејџери се склони кон впуштање во ризици, брзо пламнуваат, импулсивни се… и родителите не можат да го прифатат таквото однесување.
Во текот на тинејџерските години во мозокот настанува експанзија на раст на синапсите, или врските. Во споредба со мозокот на возрасните – кај кој различни делови работат заедно – кај тинејџерскиот мозок центарот за забава доаѓа прв, а потоа пристигнуваат и компонентите што не се поврзани.
Се чувствуваат неразбрани и како никаде да не припаѓаат
Делот од мозокот кој ги врзува работите заедно и помага да се контролираат импулсите и емоциите е префронталниот кортекс – ова е исто така дел од мозокот кој најмногу се вклучува во носењето одлука за односот со другите луѓе околу нас.
Научниците откриле дека во тинејџерскиот мозок, кој е помалку развиен, ова може да биде една од главните причини зошто тинејџерите носат лоши одлуки и често се чувствуваат неразбрани и како да не припаѓаат никаде.
Но еден дел од мозокот се развива порано, а тоа е потпорното јадро. Овој центар е поврзан со задоволството и наградите.
Тинејџерското потпорно јадро не е избалансирано од зрелиот префронтален кортекс, па затоа луѓето во овој критичен период поинаку се справуваат со наградите, импулсите и последиците.
912