Oсвен што му кажа „да“ на својот партнер, оваа невеста отиде чекор подалеку за да му покаже на својот посинок колку се грижи за него. Ванеса Линч, планирала специјално изненадување за сопругот Крег Линч и неговиот 9-годишен син Хенри на нивната венчавка.
– На почеток не планирав да го направам ова бидејќи не сакав на Хенри да му биде непријатно пред сите. Но, по кратко размислување, почувствував дека треба да му кажам нешто на Хенри за да не се чувствува изоставен. Сакав Крег да знае колку ми значи односот со Хенри и сакав Хенри да знае дека јас нема да бидам само жена со која е оженет неговиот татко – вели Ванеса.
– Хенри, знам дека не бев присутна на денот кога дојде на овој свет. Не бев таму кога ги направи првите чекори или кога ги кажа првите зборови, но ти ветувам дека ќе бидам тука за многу од твоите први нешта. Ти ветувам дека ќе те сакам како мое дете, ти ветувам дека ќе му бидам најдобра сопруга на твојот татко и ти ветувам дека ќе бидам најдобрата маќеа што можам да бидам за тебе – вели таа во видеото пред Хенри да ги прегрне младенците.
– Не ти го дадов дарот на животот, но животот ми го даде дарот да те имам тебе – пишува Линч на видеото.