Џесика Димас е писателка по професија, а писмото што му го напишала на синот сигурно ќе ја трогне секоја мајка.

„Нема да се сеќаваш на таа ноќ кога лежев сама во болница, во најстрашните и истовремено најпрекрасните болки, гледајќи ја месечината, и кога тивко ти шепотев и тебе и себеси: Ние го можеме ова!

Нема да се сеќаваш како ме погледна само неколку секунди откако дојде на овој свет и нема да се сеќаваш дека те приближив до моите гради и ти шепнав: Здраво, душо.

Нема да се сеќаваш како ми го излекува скршениот дух, како со волшебно стапче. Како ми го излекува срцето. Го исполни мојот живот. Бев толку изгубена пред да те добијам, а ти повторно ме состави.

Нема да се сеќаваш како гордо те гледав каде и да одевме. За мене, ти секогаш беше најубавото момче во собата. Секогаш и секаде. Нема да се сеќаваш како ме насмејуваше, како ништо друго на светот што не ме смееше, со сите глупости што ги направи. Уште кога беше бебе, видов какво прекрасно срце имаш.

Нема да се сеќаваш како ти ја четкав косата и ја тргав од твоето чело и како тогаш ме гледаше. Без ниту еден збор, нашите души се допреа и си го кажаа она што зборовите никогаш не можат да го кажат.
Нема да се сеќаваш на бескрајните скокотливи игри што најмногу ги сакавме, ниту како секогаш правев сè што можам за да те држам што е можно поблиску и да го прекријам тоа твое слатко лице со бакнежи.

Нема да се сеќаваш на сите оние ноќи кога заспивав со бескраен страв поради тоа што сум мајка. Дали сум доволно добра? Дали веќе сум згрешила безброј пати? Дали можам да бидам мајка каква што ти треба, каква што заслужуваш?

Нема да се сеќаваш како моето срце трепереше секојпат, и по малку растеше секојпат кога ти ќе поминеше низ важна животна пресвртница. Никогаш не сонував дека можам толку многу да се радувам на нечија среќа и успех!

Нема да се сеќаваш како ги држев твоите мали стапала в раце и замислував како еден ден ќе пораснат, ќе станат поголеми од моите и како ќе морам да ги пуштам…

Ти нема да се сеќаваш, но јас ќе се сеќавам… Ќе ги задржам тие спомени во моето срце за нас двајцата“.

Извор



912

X