Воспитување

Единствениот родителски совет што ми треба е тетоважата која ја направив на 21 година

Кога имав 21 година, влегов во студио за тетовирање во Торонто, во еден сив пролетен ден, за да го реализирам закажаното тетовирање со човек во светлосина престилка. Му требаше околу половина час за да го истетовира најдобриот родителски совет што некогаш го добив, на внатрешноста од мојот лев зглоб на раката.

Тогаш основањето семејство за мене беше далечна работа. Бев студент без партнер со повремена работа како продавач на уметнички материјали. Идејата за тетоважа ја добив една година претходно. Мојот план беше отфрлен од тогашното момче, па тврдоглаво се заколнав дека ако сè уште мислам дека е добра идеја по една година, ќе ја направам тетоважата.

Една година подоцна момчето веќе го немаше, но идејата сè уште беше присутна. Ја направив тетоважата. Се работи за само еден збор – едноставен концепт, кој за мене често е тежок за практикување – „трпение“. Ова е зборот напишан со интересен фонт. Како млада нетрпелива личност, сакав да имам потсетник на видливо место кој ќе ми укажува на вредноста. Имав многу амбиции – планирав да раскажувам приказни за потеклото на тетоважата на забави. Посветив цело попладне на длабоки, филозофски дебати со моите пријатели за генералните вредности, а особено за трпението – инспирирана, се разбира, од мојата тетоважа.

Поминав многу време гледајќи ја со воодушевување, во првите неколку недели и месеци, а потоа едноставно стана дел од моето тело. Често заборавав дека е тука. Не беше поттикнувач за раскажување на забавите како што мислев.

Две деца и 15 години подоцна – сфатив дека сум одела со тајно решение на речиси секој родителски проблем, впишано на моето тело. Сфатив дека тетоважата не е само убава, туку и корисна. „Трпение“ стана моја лична мајчинска мантра. Посакувам да го сфатев ова порано.

Фото: Касандра Друди

Кога првиот син се роди, многубројните совети беа немилосрдни. Пријателите и роднините велеа дека треба да спијам додека спие бебето, или да се обидам да му направам распоред на детето. Други препорачуваа помагала и продукти за бебиња, без кои раното мајчинство не може да се преживее. Мојот син беше генерално среќно бебе, но мразеше да спие со детерминирана упорност, која сметав дека ќе биде можно да се практикува на толку малечко човече. Многу време потрошив на читање книги со совети за спиење. Како што растеше и природно почна да спие подолго, родителскиот живот изгледаше малку полесен, посреден, повеќе уживав и решивме да имаме уште едно бебе. Се разбира, сè уште читав книги со совети за имањето две деца и сите други предизвици поврзани со тоа. Но, ако можам да се вратам во времето и да си кажам на себеси дека, пред сè, треба да запомнам да бидам трпелива – и со првото бебе и со себеси – сметам дека тоа би ме спречило да се чувствувам поразена и би ми помогнало да имам пореални и поразумни очекувања од родителската улога.

Требаше да знам дека таа една работа секогаш ќе ни помогнеше низ тешките периоди; малку трпение. Бидејќи една константа во животот како родител е промената. Моите синови имаат уникатен темперамент и карактер што создава предизвици и промени, и за нив и за мене, како што растат и учат. Многу од фазите се променливи и специфични за возраста: одбивањето да се спие додека се новороденчиња, а потоа зависноста од спиење во пубертетот, прашањата на тригодишните деца, а потоа самостојното решавање на проблемите и сл.

Како што моите синови растат и стануваат тинејџери, нема да има сомнеж дека тоа за сите нас ќе биде тежок терен за поминување. Но, ако запомнам да бидам трпелива со нив, а и со себеси, тогаш успешно ќе го поминеме, заедно. Шест години поминати како мајка ме наведоа конечно да го следам советот за кој пред многу години имав добар инстинкт дека треба да го врежам на мојата кожа.

Автор: Касандра Друди

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top