Многу од успешните луѓе потекнуваат од семејства кои се соочиле со тешки ситуации, каде што и самата егзистенција не била сигурна. Една од нив е Џини Ромети, поранешен извршен директор на ИБМ, која ја споделила својата инспиративна приказна:

-Мајка ми секогаш беше воодушевена кога ја прашуваа како успева. Тоа ќе остане нерешено до ден-денес – рекла Ромети на самитот на Светскиот бизнис-форум.

Најмладата сестра на Ромети, Дарлин Никозија, е извршен директор на компанијата за производство на храна „Хартсајд фуд солушнс“. Нејзината сестра Анет Риперт работела како извршен директор за стратегија во консултантската фирма „Асентур“ пред да се пензионира, а нејзиниот брат Џо Никозија е офицер за трговски операции во трговската фирма „Луис Драјфус компани“.

Една посебна лекција од нивната мајка им помогнала на сите да прераснат во многу успешни возрасни луѓе:

-Никогаш не дозволувајте некој друг да дефинира кој сте вие.

Семејството живеело прилично нормален живот. Тоа се променило кога таа имала 15 години, а татко ѝ, нивниот примарен извор на приход, си заминал.

-Нѐ остави без ништо, без дом, без храна, без пари – рекла таа.

Семејството било принудено да се пресели, прифаќајќи бонови за храна и владина помош. Нејзината мајка – која во тоа време била без работа, успеала да се вработи во локалната болница.

Нејзината мајка никогаш не дозволила околностите да ја дефинираат нејзината иднина како жртва, рекла Ромети, додавајќи:

-Оваа идеја за напорна работа, оваа идеја за пат напред, оваа идеја… за дефинирање на себеси, станаа сржта за тоа кои сме ние, еден вид водич, сега кога ќе погледнам назад.

Како неволјата може да доведе до успех

Четирите браќа и сестри биле сведоци на искуството на нивната мајка кое ги поттикнало да работат напорно, помалку да се жалат и постојано да работат на решенија, вели Ромети. Таа се повикува на цитат од најпродаваната авторка Брене Браун што ѝ помогнал да го стави искуството во перспектива како возрасна.

-Таа рече дека нејзината грижа денес се родителите кои сакаат да им поправат сè на своите деца, наместо да ги остават да поднесуваат неволји. Мајка ми не ги избираше ситуациите во кои се наоѓавме, но го извлекувавме најдоброто од тоа и тоа ни ги постави вистинските цели – смета Ромети.

-Секој се соочува со пречки, а како ќе одговорите на нив, одредува колку ќе станете успешни – вели Кристин Картер, социолог и потпретседател за трансформациска наука во „Бетерап“.

-Најдобрите играчи ги претвораат неволјите во успех. Бидејќи неволјата е дадена во животот, а нашиот успех и среќа зависат од нашата способност не само да се справиме со нив, туку и да растеме поради нив – напишала Картер.

Ромети се согласува:

-Надминувањето на неволјите ме научи да бидам повеќе оптимист и да размислувам напред. По тоа ништо не ми се чинеше лошо. Секогаш се чувствував како да нема лош крај – заклучила Ромети.

Извор



912

X