Границите се клучни за одржување здрава врска, без разлика дали се работи за семејна динамика или романтични врски.

Така, поставувањето граници е многу важно во бракот, особено кога се во прашање родителите. Честото мешање на родителите може да создаде тензии и несогласувања меѓу партнерите. Затоа, важно е да се дефинираат јасни граници кои ќе им помогнат на брачните парови да ја зачуваат својата приватност и заеднички идентитет, додека одржуваат здрави односи со нивните семејства.

Терапевтот Мика Стивенс на „Инстаграм“ истакнал три граници што брачните парови треба да ги воспостават со своите родители.

Не дозволувајте вашите родители да даваат негативни коментари за вашиот партнер

-Кога сте во брак, вие и вашиот партнер сте тим. Ниту еден од вас не треба да дозволува да се изнесуваат негативни коментари за другиот партнер, дури и ако тоа се вашите родители – истакнува терапевтот во објавата.

Не дозволувајте ненајавено да се појават кај вас дома

-Не само што ова веројатно ќе предизвика проблеми во вашиот брак, туку и појавувањето дома без комуникација покажува непочитување кон вас и вашиот сопружник. Тоа им кажува дека имаат право на вас и вашето време – објаснува Стивенс.

Имајте малку повеќе простор во односот со нив

-Вашиот брачен другар и децата треба да бидат на прво место, а исто така ви треба време за пријатели, хоби и други активности. Сè уште можете да имате блиски односи со родителите, но да бидете премногу блиски со нив или да им дозволите да одземат премногу од вашето време, значи дека вашата врска со брачниот другар или децата ќе трпи. Откако ќе стапите во брак, вашите родители не треба да бидат ништо повеќе од добри пријатели, за да може вашиот сопружник да биде на прво место, а вие да имате време и за други важни работи во животот – заклучува терапевтот.

Извор



912

X