Воспитување

Терапевт: Пет прашања што го зајакнуваат односот со децата

Одржувањето на семејните врски е клучно за здрав однос со децата. Има многу начини на кои можеме да ја негуваме таа врска, а неодамна детскиот терапевт Џесика Вандервиер откри уште една корисна стратегија – поставување прашања. Во објава на „Инстаграм“ таа истакнала пет прашања кои можат да ја зајакнат врската меѓу родителите и децата.

Прашањата се следни:

-Каква грешка направи денес?
-Кога сега би рекол „да“ на што било, што би ме прашал?
-Што ново научи денес?
-Кој е најтешкиот дел од детството?
-Кој е најдобриот дел од детството?

-Овие прашања ќе ви помогнат да ја продлабочите врската со вашите деца. Можете да им ги поставите пред спиење, на вечера или наутро додека се подготвуваат за училиште – забележала Вандервиер во објавата.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top