Бракот е како заедничка авантура заснована на љубов, поддршка и разбирање. Сепак, љубовта понекогаш не е доволна за здрава врска. Затоа, за врските да траат и да бидат среќни, важно е да се развијат мали, позитивни навики кои го збогатуваат животот на партнерот и ја зајакнуваат врската, вели брачниот советник и терапевт Тод Криџер.
Во својата книга „Долг страстен брак“, тој зборува за трите „најважни“ аспекти за создавање страсна долгорочна врска.
Значи, ова се трите мали навики на паровите во долготрајни, здрави и среќни бракови, според Крејгер.
Го гледаат најдоброто во партнерот
-Среќните парови секогаш се трудат да ги забележат и да ги ценат позитивните квалитети на нивниот партнер, што создава средина во која и двајцата ќе се чувствуваат ценети и сакани. Тие учат како да го изнесат најдоброто од својот партнер, поддржувајќи ги неговите силни страни и помагајќи му да расте – објаснува терапевтот.
Учат како да се справат со емоционалната болка
-Начинот на кој паровите се справуваат со емоционалната болка може да ги зближи наместо да ги разделува. Не е самата болка таа што ги раскинува врските, туку исклучувањето и немањето комуникација – вели тој.
Го поддржуваат партнерот
Важно е да бидете возвишена личност во животот на вашиот партнер.
-Двајцата партнери треба да се потрудат да ја задржат позитивната енергија и да создадат заемна поддршка. Многу парови забораваат на оваа суштинска работа откако ќе се обврзат еден на друг. Време е да се разбудите, да го цените најдоброто од себе, да развиете емоционални мускули за зрело и љубовно соочување со болката и создавање заемна авантура, како во спалната соба така и надвор од неа – истакнува Крејгер.
Тој додава дека тоа е тешко да го постигнете сами, па често ни требаат експерти кои ќе ни помогнат да ги откриеме пречките и ограничувачките стравови.
-Бидете присутни со себе и со вашиот партнер. Не задоволувајте се со просекот. Направете сè што можете за да ја зголемите вашата способност да давате и примате љубов и задоволство. Време е за страстен брак, а без оглед на вашите моментални сомневања, тоа е можно – заклучил терапевтот.
912