Повеќето родители сакаат да воспитаат среќни, успешни, издржливи и самоуверени деца. Но, понекогаш тие ненамерно можат негативно да влијаат врз постигнувањето на таа цел, а одредени навики значително влијаат врз растот и развојот на децата. Така, психотерапевтот Лара Џалул ги предупредила родителите да престанат да ги прават следните три работи.
Остро реагирање на грешките на децата: Грешките се дел од учењето
-Научете ги вашите деца да ги прифаќаат грешките и да продолжат понатаму. Така ќе научат нешто од нив – истакнала Џалул во објавата на „Инстаграм“.
Решавање на сите нивни проблеми:
-Не решавајте ги нивните проблеми. Наместо тоа, водете ги и поддржете ги додека им дозволувате да веруваат дека се способни сами да ги решат своите предизвици – вели психотерапевтот.
Одговарање во нивно име: На децата им е важно да им се даде простор да им одговорат на другите
-Не претпоставувајте и не одговарајте во нивно име бидејќи тоа може негативно да влијае врз нивната самодоверба – тврди Џалул.
-Како родители, треба да ги избегнувате овие работи. Градењето издржливи деца започнува со давање простор да прават грешки, да решаваат проблеми и да се соочат со предизвиците – заклучила Џалул.