Дали мислите дека децата треба да имаат телевизор во својата соба и ако одговорот е „да“, на која возраст треба да го добијат? Додека некои родители сметаат дека децата би можеле да имаат телевизор во својата соба како средство за релаксација и можност за контролирана забава, други се загрижени за можните негативни последици.

Една мајка ги споделила своите размислувања во видео на „Тик-ток“ и се прашува дали е премногу строга што не му дозволува на нејзиниот петгодишен син да има телевизор во неговата соба. Иако многу негови другари имаат телевизори во своите соби, таа нагласила дека мисли оти телевизорите не се соодветни за децата во нивните соби, бидејќи тие премногу им го одвлекуваат вниманието и може да ги поттикнат да се изолираат од остатокот од семејството. Таа додала дека за неа телевизорот во детската соба е „големо не“ и смета дека на децата им треба повеќе време поминато заедно со семејството, наместо останување во нивната соба.

И додека некои родители ја поддржуваат нејзината позиција, други сметаат дека е неопходно да се „следи времето“ и да се приспособиме на модерните трендови. На пример, некои родители велат дека нивните деца имаат телевизори во нивните соби, но со строги временски и содржински ограничувања, како што е ограничување на пристапот до апликациите во одредено време. Исто така, некои тврдат дека телевизорот во собата им помага да заспијат и обезбедува контролирана форма на забава.

@jessieharroplees Do your kids have them? Am i just being mean? 🫠 #mumsoftiktok #mumlife #mummy #mumsoftiktok #mumsontiktok #kids #kidsoftiktok #kidstiktok #baby #babytok #babiesoftiktok #tv #parenting #fyp ♬ original sound – Jessie | Mum of Three

Еве што велат експертите

Премногу време поминато пред телевизор во детската соба може значително да влијае врз развојот на детето.

-Раните периоди од детството се критични за развојот на детето. Родителите интуитивно знаат дека начинот на кој нивните деца го поминуваат слободното време влијае врз нивната долгорочна благосостојба – вели професорката Линда Пагани од Универзитетот во Монтреал, автор на студијата.

Особено е проблематично кога телевизорот е сместен во детската соба, бидејќи тоа значи дека децата поминуваат повеќе време пред екранот наместо да се занимаваат со физички и социјални активности кои го поддржуваат нивниот правилен физички и социо-емоционален развој. Истражувањето ги следело децата кои имаат телевизор во својата соба од четиригодишна возраст и покажало дека овие деца имаат повисок индекс на телесна маса, нездрави навики во исхраната, послаба социјализација и повеќе емоционални проблеми, како симптоми на депресија и агресивност во тинејџерските години.

-Локацијата на телевизорот прави голема разлика – истакнува Пагани.

Приватниот пристап до екраните во раните години се чини дека не е добар за долгорочното здравје.

Автор: Карина Шиждрак

Извор



912

X