Здравје

Телефонски број за психо-социјална поддршка на деца, млади и родители

Во време на пандемија, психо-социјалната поддршка е најважна за зачувување на менталното здравје на децата, учениците и родителите. Во таа насока Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика во соработка со Универзитетската клиника за психијатрија воспоставија линија за помош на деца, млади и родители.

Телефонскиот број 072 912 676 е достапен секој ден од 9 до 19 часот и секое лице од посочените групи може да се обрати, да постави прашања и да добие стручни одговори за сегашната состојба и вирусот, како и совети за успешно справување со одредени предизвици и ситуации кои создаваат чувство на збунетост и вознемиреност.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top