Не е потребно многу за да добиете чувство дека сте се обиделе со сè, за да го утешите вашето бебе, да престане да плаче и да заспие. Сте се обиделе со неколку методи, но ништо не функционира. Сепак, не очајувајте, има неколку докажани методи кои се ефикасни, кога децата добиваат чувство дека се безбедни и дека релаксирано може да заспијат.
Нежна масажа на лицето
Со врвовите на прстите нежно масирајте го лицето на бебето, со мали движења. Започнете со палците над устата на детето и галете го кон вилицата. Повторете го истото од средината на брадата кон вилицата. Исто така, палците можете да ги спуштите над слепоочницата кон носот и преку челото.
Поминувајте по неговото лице со марамче
Еден татко објавил видео во кое покажува едноставен трик за успивање. Тој нежно и лесно преминува со марамчето преку лицето на своето бебе, а тоа заспива за неколку секунди. Сепак, важно е да се има на ум дека сите бебиња се различни.
Преповивање, странично или лежење на стомак, „шшш“ метода, лулање, цуцла
Овие правила се препорачани од педијатарот д-р Харви Карп. Преповивањето и местењето на бебето во свиткана положба го асоцира на времето поминато во утробата на мајката, па го смирува и го тера да спие. Страничното или лежењето на стомак, исто така, може да го смири детето. Д-р Карп препорачува и да испуштате звук „шшшш“ за да го релаксирате бебето. Лулањето е метода која е ефикасна при успивање на бебето. Цуцлата, исто така, е добра опција, доколку ништо друго не успева.

Полухранење
Оваа техника може да биде корисна бидејќи му помага на детето да ја преспие ноќта без да се разбуди за хранење. Тоа значи дека би требало да го нахраните бебето пред да оди во кревет.
Пробајте ја методата „збор со две букви“
Можеби ќе забележите дека користењето знаци како „оооммм“, „хммм“ и „шшшш“ може да помогне во смирување на бебето. Таквите звуци влијаат утешително бидејќи многу често звучат како мајчината крв која циркулира околу матката, поради што се препорачува повторување на тие звуци околу 80 пати во минута.
Вода од чешма
Водата што полека тече може да има смирувачки ефект. Можете да се обидете да пуштите вода да тече од чешмата додека го држите детето блиску до мијалникот.
Некои бебиња сакаат врева
Спротивно на тоа што можеби го мислите, некои бебиња ги опуштаат шумови и вибрации од околината. Така што, завршувањето на обврските како чистење со правосмукалка и употреба на други апарати кои обично создаваат врева, може да им помогне на бебињата конечно да потонат во сон. Исто така, можете да користите и амбиентални звуци, како вентилатор. Се разбира, би требало да внимавате гласноста да се сведе на минимум.
Галете го бебето од челото до вратот
Покријте го со рака лицето на детето и лесно почнете да го милувате. Поминувајте со рака од челото до тилот со полесно темпо, усогласено со вашето дишење. Контактот кожа на кожа ќе му помогне да се чувствува посигурно.