Учењето е психичка активност која доведува до промена во однесувањето кај поединецот. За учењето да биде успешното, детето треба да поседува психолошки карактеристики како: свесен пристап кон когнитивни задачи, љубопитност, толеранција кон фрустрација, самокритика и самоконтрола, отвореност, организација. Таквите психолошки компетенции создаваат кај детето моќни навики на умот кои ќе му овозможат да мисли критички, да размислува креативно и да го контролира своето однесување.

Врз основа на когнитивниот стил кој доминира кај детето, а во однос на неговите перцептивни канали, можеме да издвоиме три типа когнитивни стилови на учење:

1. Визуелен тип на учење е карактеристичен за оние ученици што најлесно ги усвојуваат знаењата кога информациите се презентираат визуелно, во облик на текст и слика.

2. Аудитивен тип учење се карактеризира со тоа што преку ваквиот стил на учење информациите најдобро се восприемаат на следниот начин: активно слушање на час, учество во дискусии, размена на идеи.

3. Кинестетски стил на учење кој се карактеризира со учење преку пишување забелешки, цртање слики и дијаграми.
Во тој контекст ви препорачувам неколку техники со чија помош учењето ќе биде олеснето, а помнењето трајно.
Техника за скратување – Оваа техника помага да се намали количината на информации во визуелен контекст, така добиваме целина што лесно може да се запомни. Тоа значи дека ако една лекција содржи неколку пасуси, потребно е до секој пасус да запишете по еден клучен збор. Таквите зборови се пишуваат во различни бои, што значи колку пасуси – толку зборови. Деловите полесно се паметат ако им претходела целината.

Христина Стефановска

Метод на локус

Неопходно е детето да се избере место каде што поминува многу време (на пр., просторија, детска соба, кујна и сл.), потоа и да си замисли дека шета наоколу и секогаш ги забележува истите работи по ист редослед – на пр., биро, кревет, маса, стол итн. Следно треба да замислиме како на секое од овие места ставаме работи што треба да ги запомниме. Треба секогаш да имаме иста насока на движење (биро, кревет, маса, стол). Ова е техника која најдобро се користи кога постојат термини, концепти или сл. кои треба да се набројуваат. Па така ако учите реки во Франција, Сена, Лоара, Жиронда ќе бидат со насока биро-кревет-маса. На тој начин, доколку сакаме да се сетиме на нешто, доволно е само ментално да се сетиме на предметите од просторијата. Се користи за меморирање до 20 термини.

Метод на распоред на страницата за учење
Овој метод вклучува повеќе визуелни стратегии како:

Ментални мапи – Менталната мапа е всушност скица која има средишна тема и гранки во разни бои кои ги објаснуваат деталите. Може да се користат постери и слични помагала за да се создаде што поголем визуелен контекст. Треба да биде читливо и со живи бои. Постерот или менталната мапа добро е да стои на место покрај кое често се поминува. Материјалите на кои најдобро се сеќаваме се оние кај кои сè е структурирано и смислено. Започнете го и завршете го учењето со 3 најважни збора или концепти.

Табели – Табелите се потребни кога самиот материјал е структуриран во пасуси и секој од пасусите е засебен дел. На пример, Културата и животот на Римјаните како лекција би ја поделиле според пасусите во неколку колони на табелата: култура; религија; архитектура; наука; книжевност итн. Во тој случај табелата ја делите на онолку колони колку што имате пасуси и во секоја колона со одреден знак, на пример, ѕвезда ги пишувате главните карактеристики.

Грозд – Ова е техника која се користи кога во дадената лекција или тема постои расчленување, т.е. од еден основен поим произлегуваат други поими и сè така до крајот на создавање поконкретни поими. Гроздот почнува со еден круг и потоа со стрелки кои ги координираат преостанатите поими.



912

X