Кога децата не знаат да ги препознаат и именуваат своите емоции, не знаат ни како да се справат со нив. Една од задачите на родителот е да го научи детето на ова. Кога детето ќе ја препознае емоцијата, во неговите мисли се раѓаат нови стратегии и начини на справување што ќе му помогнат во манифестирањето пожелно однесување.

Затоа секогаш ја споделувам „техниката желка“ наменета за над тригодишна возраст, која е исклучително погодна за регулирање на емоциите гнев, бес, фрустрација, лутина. Неа може да ја користат родителите во домот, воспитувачите во своите занимални и наставниците во своите училници.

rbt

Техниката се состои од 5 чекори:

  1. Научете го вашето дете да препознава гнев, бес, лутина. Научете го соодветно и асоцијативно да ја поврзува емоцијата со нешто друго, на пример, со пожар. Кажете му да замисли дека во моментот е голема желка. Детето треба во ситуацијата да ја детектира емоцијата и да каже: „Јас сум лут!“
  2. Покажете му го знакот СТОП. Нацртајте го заедно или залепете го некаде во домот. Научете го во себе да си го каже зборот стоп. На овој знак се потпирате веднаш кога детето ја препознало својата емоција.
  3. Третиот чекор се вика „Врати се во својот оклоп, т.е. куќа“, трипати вдиши длабоко и полека издиши. Додека е внатре под оклопот, кажете му дека е смирено и безбедно. Тука, во неговата куќа, потребно е да размисли за настанатата ситуација и да ги искаже своите мисли.
  4. Четвртиот чекор се вика „Излези од под својот оклоп“ и го повикуваме тогаш кога детето има решение за конкретната ситуација.
  5. Петтиот чекор се нарекува „Постер“, во кој од детето се бара да ја нацрта ситуацијата ставајќи се во улогата на желка.


912

X