Воспитување

Техника за смирување нервозно бебе

Д-р Џенифер Русо, киропрактичар, специјализирана за работа со новороденчиња, на „Тик-ток“ покажа како родителите да го смират своето нервозно бебе на најбрз и најлесен начин.

Русо ја демонстрирала техниката наречена „Гупи“ врз мало бебе и покажала како родителите да го држат бебето и какви движења треба да направат за да го смират. Кога родителите го креваат бебето, важно е да ги држат главата, вратот и ‘рбетот.

Нозете на бебето треба да се притиснат на градите на родителот, а потоа нежно да се придвижува бебето поблиску, па подалеку од градите. Додека ги правите овие движења со вашето бебе, можете да потпевнувате за да му помогнете да се опушти уште повеќе. Во примерот што го покажува Русо бебето многу брзо престанува да плаче и целосно се смирува.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top