Театарот за деца и младинци денеска го прославува 32. роденден, а по тој повод го најави лансирањето на првиот интернационален театарски фестивал на детски театри „Игор Маџиров“.

Интернационалниот театарски фестивал на детски театри „Игор Маџиров’“ ќе се одржи од 30 септември до 4 октомври 2022 во Скопје. Фестивалот ќе биде со натпреварувачки карактер и ќе се доделуваат седум награди, за кои ќе одлучува интернационална жири-комисија составена од три члена.

– По 32 години успешна работа, со многубројни меѓународни награди и признанија, со неколку рекордни изведби на претстави во нашиот театар, сакавме да ја продолжиме нашата успешна приказна создавајќи го и овој фестивал, чија цел е промоција на детски претстави работени од наши колеги од светот – соопштија од театарот.

Покрај главната натпреварувачка програма, фестивалот ќе има и придружна програма во која ќе се одржат работилници, семинари, дебати посветени на куклениот, детскиот и младинскиот театар.



912

X