Игротека

„Тато, сакам да бидам како тебе“ – инспиративни цитати за посебната врска меѓу таткото и синот

Иако често се зборува за врската помеѓу мајката и синот, или таткото и ќерката, поврзаноста меѓу таткото и синот е навистина посебна. Многумина низ годините ја опишале токму таа длабока врска со зборови што допираат до срцето.

Познатата изрека „Каков татко, таков син“ не е секогаш точно применлива, но често е многу блиску до вистината. Татковците и синовите често се разбираат – и баш затоа понекогаш не се разбираат.

Во продолжение ви пренесуваме избор од највпечатливите цитати за татковството и посебната врска меѓу татко и син:

„Нема поголема љубов од онаа на таткото кон синот“ – Ден Браун.

„Заборавете го Бетмен – кога размислував што сакам да бидам кога ќе пораснам, сакав да бидам мојот татко“ – Пол Асеј.

„Татковата должност е да им даде на своите синови добра шанса“ – Џорџ Елиот.

„Сега како татко, знам дека мојот син секогаш ќе ме гледа, ќе го следи моето однесување и можеби еден ден ќе тргне по моите стапки“ – принцот Хари.

„Моето чувство за правда потекнува од мојот татко. Не сум сретнал похрабар човек“ – Мартин Лутер Кинг Џуниор.

„Најпосебните моменти беа ноќните будења, тие насмевки и мали радости вредеа сè“ – Дејвид Бекам.

„Кога го гледам мојот син, заборавам на сите грешки. Тој е мојата радост“ – Леброн Џејмс.

„Да се биде татко, значи да си пример за својот син“ – Вејн Руни.

„Татко ми беше мојот учител. Но најважно, тој беше прекрасен татко“ – Бо Бриџис.

„Таткото не кажува дека те сака, тој тоа го покажува“ – Димитри Стоунхарт

„Не сакам да бидам херој за мојот син. Доволно е да бидам човек. Тоа е доволно тешко“ – Роберт Дауни Џуниор.

„Одлучив ништо да не направам што нема позитивно да се одрази врз татко ми“ – Сидни Пуатје.

„Татко ми ме научи на цврстина, искреност, пристојност и точност“ – Роџер Мур.

„Татко ми не ми кажа како да живеам. Тој живееше и ми дозволи да го гледам“ – Кларенс Будингтон Келанд.

„Колку сум постар, толку татко ми ми изгледа попаметен“ – Тим Расерт.

„Животот не доаѓа со упатство. Затоа ги имаме татковците“ – Х. Џексон Браун.

„Не воспитувате херои, воспитувате синови. А ако се однесувате кон нив како синови, тие ќе станат херои, барем во вашите очи“ – Волтер М. Шира.

„Што е синот ако не продолжение на таткото?“ – Френк Херберт.

„Првиот чекор што го прави синот во светот е оној што го определува остатокот од животот“ – Волтер.

„Не се крвта и месото тие што нè прават татковци и синови, туку срцето“ – Јохан Фридрих фон Шилер.

„Татковството е најдлабокиот дар и најтешкиот предизвик“ – Мет Бумер.

„Најдоброто што можеме да го направиме за децата е да им дозволиме да станат силни и самостојни, да бидат подобри луѓе, да веруваат во себе“ – С. Џојбел Си.

„Секој татко треба да запамети дека еден ден неговиот син ќе го следи неговиот пример, а не неговите совети“ – Чарлс Ф. Кетеринг.

Извор

Поврзани написи

To top