Игротека

„Тато предолго се задржа во рајот“

Младо момче ги освои срцата на милион интернет-корисници со коментарот за неговиот покоен татко.

Мишел Панзика од САД често споделува клипови од нејзините близнаци Медокс и Ленокс. Таа споделува објави во кои разговара за тагата врз основа на искуство како вдовица и самохрана мајка по загубата на нејзиниот партнер.

Сепак, неодамнешниот разговор што го водела со Медокс тотално ја скрши.

Во снимката Медокс, кој седи на задното седиште во автомобилот, ѝ вели на својата мајка: „Тато предолго се задржа во рајот“. Потоа тој објаснува колку му недостига.

– Многу долго време е – додава невиното момче со вчудовиден поглед на лицето.

На тоа неговата мајка му одговара:

– Кога некој оди во рајот, тој останува во рајот додека еден ден не го сретнеме таму.

Откако се обидува да го сфати она што го кажува неговата мајка, Медокс погледнува низ прозорецот и прашува:

– Не можеме да одиме во облаците?

– Не, не можеме да одиме во облаците – му вели неговата мајка.

Видеото е прегледано над 2,4 милиона пати и има над 52.000 коментари.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top