Учителката по танцување што стои зад виралното видео од татковци кои играат балет со своите ќерки вели дека сака да ги предизвикува стереотипите за татковците кај луѓето.
Ерин Ли, основач на училиштето за танц и уметност „Ечапе денс“ во Филаделфија, го објави видеото на социјалните медиуми. Тоа веднаш стана вирално и беше поздравено од познати личности.
– Прекрасно е колку се посветени. Ги гледате и не мислите дека ќе бидат одлични татковци поради нивните тетоважи или облеката, а воопшто не е така. Затоа, одлично е што имавме можност да ја искористиме нашата платформа за да го смениме мислењето на луѓето – вели Ли.
Таа вели дека идејата се јавила затоа што татковците учествувале во носењето и земањето на девојчињата од училиште и биле многу активни во танцувањето на девојчињата.
– Пред две години ги прашавме: Зошто да не се качите на подиумот за танцување? Но, тогаш не сакаа. Тешко ни беше да ги убедиме да дојдат на подиумот. Две години подоцна, тие беа супер посветени. Никогаш не би помислиле дека овие татковци би биле дел од нешто вакво – вели Ли.
Девојчињата за време на часот биле пресреќни.
– Тие се возбудуваат кога нивниот татко е таму. Очигледно знаат повеќе отколку што знае тато, па се превозбудени што треба да бидат инструктори во тој момент. Одлично е – вели Ли.
– Она што сакам да го научи мојата ќерка е дека мора да живее и да пробува нови работи. Немаше двоумење кај мене. Секогаш сум тука за мојата ќерка и ја поддржувам – вели еден од татковците.
Видеото беше споделено од голем број познати личности, вклучувајќи ја и Џенифер Гарнер, која ги пофали татковците за нивната посветеност.
View this post on Instagram
Dads are the best. ♥️ #TutuTuesday on a Monday. ♥️ ( Repost @themichaelealy )