Воспитување

Татковци, има прекрасен начин да ги научите ќерките да очекуваат почит од мажите

Мора да ве полудува помислата дека вашата ќерка има момче – ме полудува и мене, а јас сум „само“ нејзина мајка. Таа мала принцеза што ја донесе дома пред 7 години веројатно ќе се заљуби по само неколку години, а момче ќе има неколку години подоцна. Тоа ти е застрашувачко. Добра вест е тоа што ти можеш да покажеш што е тоа што треба да се бара и со полно право треба да го очекува од своето момче, односно маж.

Врските и браковите се тешки и тоа е вистината што и твојата ќерка ќе мора да ја научи еден ден. Тие се предизвик за сите луѓе, па и за оние со добро срце и искрени намери. Најубавата (веројатно и најтешката) работа што можеш да ја направиш за својата ќерка е да ѝ покажеш на кој начин треба да биде третирана.

Твојата мала ќерка, за жал, за љубовта ќе учи од филмовите, сериите, списанијата, ќе го учи тоа од своите другари… Или барем ќе мисли така. Факт е дека сето она што ќе го „собере“ надвор од својата куќа ќе ја одведе подалеку од она што е љубовта навистина.

Ти, и само ти, можеш на тоа да ја научиш и тоа така што ќе ја третираш нејзината мајка со почит и силно ќе ја сакаш.

Сè почнува од дома, со тебе и твојата сопруга. Затоа и денес, и секој друг ден, почитувај ја својата сопруга. Држи ја за рака кога ќе ти се укаже можност и љуби ја често.

Насмевнувај ѝ се.

Воспостави контакт со очите.

Кога нешто ти зборува, слушај.

Отвори ѝ врата.

Охрабри ја кога тоа ѝ е потребно.

Сочувствувај со неа кога ѝ е потребна поддршка.

Речи ѝ дека е преубава и однадвор и однатре.

И кажи ѝ го тоа повторно.

Твојата врска со жената со која живееш е многу повеќе од тоа што се случува само меѓу тебе и неа.

А најдобар подарок кој таткото може да ѝ го даде на својата ќерка (покрај своето време и внимание) е да ја сака нејзината мајка.

Автор: Една мајка

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top