Ново вирално видео повторно ја отвори старата тема: дали работата на мајка која е цел ден со децата е навистина „лесна“? Многу мајки го тврдат токму спротивното и сметаат дека ваквите коментари само го продлабочуваат чувството на невидлив товар што го носат секојдневно.
Сè започна со видео на еден татко кој работи од дома и се грижи за бебе, и кој отворено кажува дека мајките „лажат“ кога велат дека е тешко да се биде дома.
– Јас сум дома со едномесечно бебе и стигнувам да направам сè: да го нахранам, пресоблечам, да го заспијам, да си поиграм и во меѓувреме да го исчистам станот – вели Кас од Колорадо Спрингс, па додава прашање кое го запали интернетот: „Кога точно станува тешко?“
@cassandrian Is this how people get canceled #stayathomemom #sahm #sahd #momtok ♬ Chopin Nocturne No. 2 Piano Playing – moshimo sound design
– На сите мајки што остануваат дома сакам да им кажам дека имам чувство дека лажат – изјави Кас.
За многу мајки, одговорот е: секој ден. Бидејќи реалноста на повеќето мајки изгледа сосема поинаку. Стрес, исцрпеност, непрекината грижа, милион мали дневни задачи и чувството дека сè правиш сама, сето тоа доведува до исцрпеност. Според актуелни истражувања, дури 62 отсто од родителите кои се чувствуваат „исцрпено“ тврдат дека нивните партнери не им даваат доволно поддршка.
Недостигот на помош и признание за извршената работа може да доведе до чувство на осаменост и фрустрација.
Податоците покажуваат дека мајките во големи градови како Њујорк или Лос Анџелес извршуваат домашни обврски и обврски околу воспитувањето деца во вредност од 4.600 до 4.700 долари месечно, задачи за кои во многу случаи не добиваат ниту плата ниту признание.
На интернет се појавија коментари, претежно од мажи, кои тврдат дека работата на мајката која седи дома е најлесната на светот. Еден интернет-корисник напиша дека мајките се мрзливи, друг додаде дека само драматизираат, а еден татко се пофали дека пет години дома со три деца му биле како годишен одмор. Повеќето жени истакнуваат дека ваквите коментари го намалуваат целиот ментален, емоционален и физички товар што го носат сами секојдневно.