Таткото е клучна личност за развојот на детето. Иако многупати ненамерно мајката се истакнува, сепак таткото ве сака исто толку. Во семејството и двајцата имаат свое место и свое посебно значење. Детето не може да порасне во среќна личност без љубовта и поддршката од двајцата.
Па еве зошто таткото е незаменлив во животот:
1. Тој ти помогнал да научиш да одиш.
2. Се грижи за тебе кога нема никој друг да ти помогне.
3. Таткото нема омилени деца.
4. Ти помага да ги пребродиш тешките љубовни маки.
5. Ќе го убие секој што ќе се обиде да ти го скрши срцето.
6. Таткото те учи да знаеш да ја цениш добрата дремка.
7. Тој е секогаш горд на твоите достигнувања, без оглед колку се смешни и безначајни.
8. Тој те учи на суперработи, на пример, возење велосипед без раце.
9. Те оспособува да можеш да преживееш апокалипса, со неговата претерана грижа.
10. Тој ти дава „реалистичен“ поглед на светот.
11. Таткото те засмејува. Не се разбира многу од социјалните мрежи, но кога ќе научи, ќе те забавува до бесвест.
12. Таткото секогаш ја поддржува твојата креативност.
13. Тој ќе те однесе на концерт и од грижи ќе остане цела вечер пред врата да те чека.
14. Тој ѝ помага на својата мала ќерка да порасне во супержена.
15. Тој ти помага да веруваш дека можеш да бидеш сè што ќе посакаш.
16. Таткото е секогаш тука за своите деца.